Здравје

Некои деца се генетски предиспонирани за лош сон

Во многу студии спроведени на возрасни, откриена е генетска предиспозиција за проблеми со спиењето, како што е несоницата. Научниците се запрашале дали истиот феномен постои и кај децата и добија докази дека генетската подложност на детето лошо да спие може да се најде уште на рана возраст.

„Ние обично мислиме дека несоницата се развива подоцна во животот, но имаме докази дека најраните знаци на ризик за појава на несоница во зрелоста се веќе присутни во раното детство“, вели д-р Еус ван Сомерен, раководител на Одделот за спиење и когниција на Холандскиот институт за невронаука во Амстердам.

Експертите откриле дека генетската предиспозиција за развој на несоница кај децата е поврзана со симптоми слични на несоница, кои ги пријавиле нивните мајки. Сепак, овие симптоми не биле откриени од уредите за следење на спиењето, кои се пообјективни.

Мајките известувале за навиките за спиење на децата

Анкетирани биле 2.458 европски деца, од кои приближно половина биле девојчиња. Студијата опфатила бремени жени со датум на породување помеѓу 2002 и 2006 година за да го следат здравјето на нивните деца од пренатална возраст до зрелост. Како дел од студијата, експертите собрале примероци на ДНК од крв од папочна врвца, или од деца кога имале 6 години.

Кога децата имале 1,5 година, 3 години, 6 години и меѓу 10 и 15 години, нивните мајки споделиле детали за нивниот сон со експертите. Тие дале информации, на пример, дали децата имаат проблем да заспијат, дали спиеле помалку од повеќето деца или дали често се буделе во текот на ноќта. 975 учесници носеле часовници за следење на сонот девет дена, два пати помеѓу 10. и 15. година.

Како да му обезбедите здрав сон на детето?

Некои мајки имале перцепција за несоница дури и кога на децата всушност не им недостигал сон.

„Понекогаш квалитетот на сонот едноставно не е доволно добар“, вели д-р Амита Сехгал.

Сепак, сè уште постои надеж за здрав сон на вашето дете. Послужете ја вечерата неколку часа пред спиење, затемнете ја просторијата и избегнувајте екрани најмалку еден или два часа пред спиење.

„Кога вашето дете треба да се консултира со специјалист, зависи од сериозноста на проблемот. Запрашајте се дали детето изгледа нормално и среќно. Можеби воопшто не треба да интервенирате“, заклучила Сехгал.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top