Многу од нас имаат сеќавања за спомени од детството кога пронаоѓавме креативни начини за играње со кал.

Денес, многу деца се оддалечени од природата. Секако, нормално е родителите да се грижат за хигиената и безбедноста на своите деца. Некои претпочитаат тие да играaт дома наместо на отворено. Врз основа на сето ова, американскиот автор и новинар Ричард Лув интервјуирал околу 3.000 семејства и по неколку разговори со децата заклучил дека голем дел од нив не сакаат да играат на отворено. Повеќе сакаат да бидат дома и да се забавуваат со технологијата.

– Нашите деца и децата на нашите деца се генерации што се исклучени од природата – вели Лув со загриженост.

Тој и педијатарот Марија Џулија Карваљо инсистираат дека децата треба да бидат во допир со микроорганизми што се наоѓаат во почвата и тревата за да им помогнат правилно да го развиваат имунолошкиот систем. Можеби капењето на детето е тешко по играта со кал, но родителите мора да им дозволат на децата да си играат со кал. Овие видови нехигиенски игри се неопходни.

Карваљо вели дека доаѓањето во контакт со овој тип бактерии го поддржува правилниот развој на имунолошкиот систем кај децата. На овој начин во иднина ќе можат подобро да се заштитат и да се бранат од болести и алергии. Лув додава и дека активностите на отворено ја поттикнуваат креативноста, ги минимизираат стресот и депресијата и овозможуваат поширок когнитивен развој.

Според истражување објавено во „Списание за алергија и клиничка имунологија“, децата што живеат и растат со домашни миленици, како кучиња и мачки, уште од рана возраст, се помалку склони да развиваат алергии. Овие деца живеат меѓу постојани нивоа на ентодоксини, вид бактерии присутни во прашината и во животната средина, па така тие имаат зајакнат имунолошки систем.

Како функционира имунолошкиот систем?

Имунолошкиот систем е она што ги штити луѓето од надворешни напаѓачи, како бактериите што би можеле да го загрозат нивното здравје. Тоа го постигнува со откривање супстанции што можат да генерираат болести и инфекции, а потоа се бори против нив.

Но, за овој напад да биде успешен, системот треба да се приспособи на микроорганизмите однадвор. Како што растат децата, така почнуваат да стануваат поотпорни на одредени бактерии. Ова се случува бидејќи тие се веќе изложени на нив, а нивниот имунолошки систем веќе ги знае напаѓачите и знае како да ги нападне.

Ако децата не дојдат во контакт со микроорганизмите, имунолошкиот систем станува поранлив на супстанциите што не треба да се патолошки, како полен или влакна од животните, што предизвикува децата да развијат алергии. Ричард Лув вели дека лишувањето на децата од интеракцијата со природата го ограничува развојот на нивната креативност. Децата што не се во контакт со нивната животна средина немаат физички стимулации и немаат директни искуства.

Тој додава дека физичката активност во која се вклучени децата додека се надвор е здрава начин против дебелината. Всушност, дебелината влијае врз голем дел од детската популација затоа што цело време го поминуваат дома. Поради оваа причина, тој објаснува дека недостигот на време поминато надвор е ризик за нивното психофизичко здравје.



912

X