Секој родител знае колку може да значи една година во развојот на детето. Додека едногодишно дете едвај оди, тешко е да се достигне двегодишно дете. Четиригодишното дете не мирува ни секунда, секогаш прашува зошто, додека петгодишното дете може да седи и да слуша малку подолго.

Децата не се променија, но нашите очекувања се променија. Децата сега одат на училиште порано, а плус градинката, децата поминуваат многу повеќе време во училиште отколку ние. Од нив се очекува да стекнат одредени знаења многу рано, дури и пред нивните развојни можности да го дозволат тоа. Пред 20 години децата одеа на училиште за да научат да читаат и пишуваат. Денеска се очекува децата да седнат в клупи со азбуката во главите.

И не е само тука така. Пред точно 23 години истражување во Америка покажало дека 31 отсто од наставниците очекуваат нивните деца да научат да читаат во градинка. А веќе во 2010 година тој процент се искачи на 81. И покрај тоа што неколку студии покажаа дека раното принудување на децата да учат букви може да им нанесе повеќе штета отколку корист, очекувањата што им се наметнуваат постојано растат.

И наместо да признаеме дека има проблем во системот, ние ги обвинуваме децата. Денес, децата што одат на училиште без да научат да читаат се етикетирани и се чувствуваат како да заостануваат. Тоа никој не се обидува да го скрие, на некои дури и отворено им се кажува. Многу е лесно да се означат некои нарушувања и да се препорачаат посети на експерти. Сè само затоа што детето не се вклопува во калапот, што не е исто како другите. На училиште сите мора да бидат исти. Ако не можат да седат мирни и да слушаат внимателно 45 минути, почнуваат етикетите – хиперактивен е; има нарушување на дефицитот на внимание.

Ова е особено забележливо на Запад. И никој не гледа вака на работите: денес децата се сместени во целосно вештачка средина, им се поставуваат еднакви барања (иако е јасно дека не сме сите еднакви), одвоени од семејството во текот на денот многу подолго од претходните генерации, исполнуваат одредени, универзални стандарди. За некои деца тоа е премногу.

Новата студија спроведена и објавена од научници од „Харвард“ потврдува дека проблемот не се децата. Проблем се возрасните кои прерано ги ставаат в клупа. Тие откриле дека децата што почнуваат на училиште како најмали во одделението имаат многу поголеми шанси да бидат хиперактивни во одреден момент.

Заклучокот од истражувањето е дека децата едноставно не се доволно зрели за она што се бара од нив.

Повторно, на родителите не им требаат истражувачи и научници од „Харвард“ да им кажат дека детето кое штотуку наполнило шест години е на различно ниво на развој од детето што наполнило седум години.

Како што школувањето станува поригидно, поорганизирано, понапорно за децата, како што им краде сѐ повеќе од детството, така сѐ повеќе оди на штета на децата.

Многу ученици едноставно не можат да ги исполнат нереалните очекувања во однос на совладувањето на материјалот, а да не зборуваме дека децата што имаат само четири или пет години во градинка се очекува да можат да седат мирни и секогаш да се однесуваат во согласност со правилата. Ако трчаат, скокаат, играат, тогаш има проблем.

А бидејќи борбата против системот е залудна работа, советот до родителите е: не праќајте ги децата на училиште порано од потребното.

Извор



912

X