Иако во текот на бременоста потребите за хранливи материи се зголемуваат, прекумерниот внес, особено на калорична храна, не е добар ниту за мајката ниту за детето. Наеднаш собраните вишок килограми тешко се намалуваат, а обилното накачување во текот на бременоста може да има и сериозни здравствени последици. Идните мајки многу често слушаат дека мора да јадат за двајца, но тоа не е така – објаснува д-р Ула Мартон, специјалист по гинекологија и акушерство.

– Под уреден пораст на тежината во текот на бременоста се смета накачувањето од 10 до 14 килограми, а 3,5 килограми волумен на масно ткиво е потребен за мајката да има доволна енергетска резерва за доење на детето – појаснува д-р Мартон, додавајќи дека за идните мајки дневниот внес на калории се менува, односно расте за 200 до 250 kcal шпради зголеменото метаболичко трошење во текот на растот на детето. Затоа, оброците мора да бидат планирани, но не е толку важна количината колку разновидноста. Оброците мора да изобилуваат со овошје и зеленчук, а забранети се никотинот и алкохолот. Прекумерното добивање тежина е поврзано со низа дополнителни компликации, како во бременоста така и за време на породувањето.

– Големиот пораст на килограми во текот на бременоста може да го менува метаболизмот на глукоза на мајката, а тоа како последица има поголемо растење и на детето. Тоа може да предизвика подолго и потешко породување – објаснува гинекологот.

За „слатките копнежи“ може да се најдат замени. Замрзнат јогурт наместо сладолед, суво грозје наместо бонбони, кругови банана наместо колач и перек наместо чипс. Трудниците имаат потреба од повеќе белковини, витамини и минерали, како фолна киселина и железо (црвено месо, мешунки, риба, зеленчук со лисја…). Внесот на калории се зголемува дури во второто тримесечје. Почестите, а мали оброци може да ја спречат и појавата на киселини во желудникот.

Извор



912

X