Манипулативниот родител користи различни тактики за да ги контролира, експлоатира или да влијае врз своите деца и со тоа да го добие она што го сака или да ги задоволи сопствените потреби, притоа воопшто не земајќи ја предвид благосостојбата на децата.

Како што објаснуваат психолозите од „Parenting for Brain“, манипулативната тактика на родителите може да вклучува емоционална манипулација, лаги, предизвикување вина, закани и други форми на психичко малтретирање.

Ваквото однесување може да има исклучително негативно влијание врз емоционалното здравје на детето, а истовремено може да доведе до токсична семејна динамика и проблеми во односот помеѓу детето и родителите. Имено, манипулативните мајки или татковци често кажуваат работи за да стекнат одредена контрола, влијание или да ги постигнат своите лични цели или желби.

Овие цели може да варираат од едноставни работи, на пример, да ги натерате децата да извршуваат задолженија или да ги почитуваат семејните правила, до посложени или себични цели како што се – исполнување на незадоволени свои емоционални потреби или живеење преку децата. За да го постигнат тоа, родителите користат одредени фрази за да добијат контрола, а една од нив ја користат особено често.

„Не сакам да зборувам со тебе“ – е една од фразите што често ги користат родителите склони кон емоционална манипулација, а овој тип на манипулација всушност се нарекува „тивок третман“. Психолозите објаснуваат дека ова е една од најчестите, но и најсуровата тактика на родителите кои се емоционални манипулатори.

Имено, ваквото однесување може да доведе до целосно уништување на психата на детето. Родителите прибегнуваат кон овој вид злоупотреба и казнување со намера да го натераат детето да се чувствува лошо за нешто што го направило или не сака да го направи. Тие одбиваат да разговараат со детето, поради што тоа се чувствува лошо.

Извор



912

X