Кога ќе станете родител, сè во вашиот живот се менува. Дури и она што не очекувате да се промени, ќе се смени, барем до одреден степен. И да, точно е дека тогаш ќе почнеме да мислиме дека сме некако помудри, дека знаеме повеќе од оние што не се родители, дека нашето знаење сега е нешто што некој што сè уште не е родител не може да го разбере. И често ни се чини дека нашето родителско искуство е некако тешко, дека сме морале многу да се менуваме, да учиме, да се приспособуваме…
Најчесто ова е точно, но тоа не значи дека не го сакаме самото искуство и дека не сме сакале да бидеме родители, или пак, дека сакаме да ни биде полесно… пред сè, не ни паѓа на патет да плашиме луѓе во нашата близина, кои сè уште не се родители, со застрашувачки факти или претерувања. А сепак, понекогаш го правиме тоа, можеби дури и несвесно.
„Почекај додека… нема да биде така лесно…“ – на цртичката можете да напишете речиси сè од родителскиот живот. Сигурно сте ја слушнале таа реченица барем неколку пати, во кое било издание. И можно е тоа да сте го кажале и вие неколку пати. Но, нека остане само ваша тајна. Но, зарем не е навистина лошо да се кажуваат такви реченици? Често звучат вака:
„Почекај додека да станеш мајка! Сите тие непроспиени ноќи ќе те излудат!“
„Почекај додека да станеш мајка! Нема да има повеќе часови по јога…“
„Чекај само да почне да оди! Нема повеќе седење и одморање…“
„Почекај додека да почнат тантрумите! Сè досега било чиста песна!“
„Чекај додека да наполни три години! Не можеш тоа ни да го замислиш!“
Сигурно имате некој свој пример што сте го слушнале или кажале. Иако на почетокот изгледа безопасно, токму затоа сме сигурни дека секоја мајка барем еднаш го кажала тоа, овие реченици всушност воопшто не се безопасни. Згора на тоа, тие можат да звучат многу страшно и да создадат одредена непријатност кај личноста кон која се насочени. Ваквите реченици прават само една работа – ги обезвреднуваат чувствата на личноста кон која се упатени, додека личноста која ги изговара како да ја има тајната на големата моќ, како да знае сè.
„Само почекајте – сега немате поим за ништо и навистина не можете да направите ништо за да разберете како е, но живејте во незнаење и исчекување дотогаш.“
Да, сè што му треба на идниот или новиот родител е еден тон анксиозност на грб. Не може да направи ништо и ако сега му е добро, само треба да почека и – работите ќе се влошат. Еднаш. Токму тогаш.
Можно ли е да испратите некому полоша и поболна порака?! Иако понекогаш е најдобро едноставно да не кажете ништо и да не предвидувате нешто за што не знаете апсолутно ништо – затоа што секое дете е различно, секој родител е различен, секое семејство е сосема различно – сепак, ако навистина сакате да кажете нешто, тоа нека биде совет или поддршка и разбирање.
Замислете да кажете нешто вакво, наместо една од оние застрашувачки реченици:
„Многу ми е мило што не искусивте тантруми во текот на втората година! Но, запомнете дека тие може да се случуваат и во текот на третата година, па ако тоа се случи, само за да знаете дека тоа е сосема нормално и јас сум тука ако можам да помогнам на кој било начин.“
Или, на пример:
„Јас сум во продавница, сакате ли да ви купам нешто? Веројатно веќе сте уморни од сè…“
Да, тоа се реченици кои имаат смисла, кои ќе направат нешто добро, а можеби и нешто корисно. Не треба да криете дека имате знаење за родителството, дека имате искуство, но направете го тоа нудејќи помош или поддршка. Тоа е неспоредливо покорисно и помудро.
Па можеме ли да се договориме? Не кажувајте реченици што почнуваат со „Чекај додека…“
Автор: Наташа Крстичевиќ
912