Како се одгледуваат и се школуваат децата и не е толку важно колку што се мисли дека е, вели генетичарот Роберт Пломин од Кралскиот колеџ во Лондон. Тој смета дека родителите не треба да се грижат за тоа какви ќе бидат нивните деца бидејќи тоа е нешто што не можат да го контролираат.

– Не велам дека не можете да го промените однесувањето на детето… но не ја менувате личноста на детето – вели Пломин, кој верува дека гените одлучуваат за тоа во какви луѓе ќе пораснеме.

Професорот Пломин вели дека прекумерната тежина зависи од гените и затоа е присутна во семејствата.

– Ако сте посвоени и сте оддалечени од вашиот/вашата брат/сестра, ќе се поврзете исто толку колку што би биле поврзани кога би пораснале заедно. Проучував идентични близнаци што растеле разделени. Неверојатно е тоа колку се слични во некои работи, на пр., начинот на кој се смеат или зборуваат – вели тој.

Неговото истражување претходно покажало дека до 70 отсто од образовните резултати на детето се генетички. Тоа е спорно бидејќи едукаторите долго време сметаа дека секое дете, без оглед на потеклото, може да постигне највисока образовна способност.

Професорот Пломин тврди дека луѓето ги мешаат родителството и исходот на децата. Тој смета дека когнитивните вештини, како учењето да читаат, математиката и сфаќањето на науката се најнаследните, најгентички влијателните особини што ги имаме.

Слично на тоа, генетиката игра голема улога во интелигенцијата на децата.

– Секогаш се претпоставува дека ако родителите им читаат на своите деца, постојат поголеми шанси тие деца понатаму да читаат. Но читањето на родителите всушност ја одразува сопствената генска склоност за читање – вели тој. Тој ги охрабрува родителите да прифатат дека не можат да го обликуваат своето потомство и наместо тоа, едноставно да гледаат во што ќе се претворат нивните деца.



912

X