Воспитување

Науката ги објаснува тантрумите на децата

Шестгодишната ќерка на Лен Симпсон имала многу тантруми пред пандемијата. Но, по неколкунеделното заклучување, малите фрустрации што порано доведувале до краткотрајни испади сега ги активираа бесовите што често доведуваа до паѓање на подот и силно удирање и врескање.

– Прво, таа се фрустрираше што не можеше да зборува. Потоа ќе започнеше да вреска, ќе паднеше на подот и ќе се тркалаше и честопати ме клоцаше или ме удираше ако ѝ се доближев – вели Симпсон.

Таа ја испроба секоја стратегија поврзана со тантрумите што ја прочитала, почнувајќи од нежна музика и нудење закуска до стискање на нејзината ќерка помеѓу перниците на каучот (смирувачка техника препорачана од терапевт). Но, не функционирало ништо освен седењето тивко во близина и повременото утешување со збор или допир. По тантрумот, Симпсон честопати ја прашувала својата ќерка зошто имала толку силен напад на бес.

– Таа секогаш велеше дека не знае – вели Симпсон. Тантрумите, кои се чести кај малите деца, се комплициран физиолошки одговор поврзан со систем во мозокот што служи за откривање закани. Среде тантрум, корисно е родителите да разберат што се случува под површината, а потоа да ја ублажат „заканата“ со воспоставување чувство на безбедност.

Физиологијата на тантрумот

Според Р. Даглас Филдс, невролог и автор, тантрумот вклучува два дела на мозокот: амигдалата, која е главно одговорна за обработка на емоции како страв или лутина, и хипоталамусот, кој делумно ги контролира несвесните функции, како срцевиот ритам или температурата. Помислете на амигдалата како на детектор на чад во мозокот, а на хипоталамусот како на некој што одлучува дали да става бензин или вода на огнот – со хормони како адреналин и кортизол.

Кoга вашето дете ќе почне да плаче зашто ќе спие само во креветот вечерта, тоа несвесно доживува напад на бес – неговата амигдала открила закана и хипоталамусот предизвикал да доживее тантрум.

За време на одговорот на стресот, вашето дете може да има брзи отчукувања на срцето, испотени дланки и напнати мускули. Колку и да сакате да го вразумите ова дете, не очекувајте дека ќе ве слуша. Како прво, стресниот одговор може да го ослаби веќе ограничениот капацитет на детето за самоконтрола, функција што обично се поврзува со префронталниот кортекс.

– Кога има оган во вашиот дом, не седите и не размислувате, сакате вашето тело да ја вклучи секоја клетка за да можете да избегате – вели д-р Керол Вајтсман, педијатар за развојно однесување. Со малку логична саморефлексија, возрасните можат да откријат што би го сопрело бесот кај нив.

– Кога некој ќе ви го пресече патот додека возите, крвта ви зоврива. Но, префронталниот кортекс ви овозможува да размислите и да си кажете: „Чекај малку, не морам да постапам на овој начин“ – вели д-р Вајтсман.

Но, префронталниот кортекс не е целосно развиен до зрелоста, па инхибицијата и контролата на имплусот се меѓу најкомплицираните функции.

– Кога се обидувате да го вразумите детето, вие му се обраќате на дел од мозокот што не работи целосно – вели д-р Филдс.

– Во овие моменти интензитетот на чувството ја надминува способноста на детето да ги организира чувствата, па тие стануваат посилни – вели д-р Мери Маргарет Глисон, психијатар за деца и адолесценти од Вирџинија.

За среќа, вие можете да му помогнете на вашето дете да се смири. Корисно е прво да го регулирате сопствениот одговор на стресот. Доколку вашето дете е безбедно, оставете го во собата да диши и најдете начин да ја отстраните сопствената фрустрација. Ова ќе ви овозможи да ја искористите сопствената смирена состојба за да го смирите вашето дете.

– Можеби нема детето да го прави она што вие го правите, туку ќе го чувствува она што вие го чувствувате – вели д-р Марко Јакобони, невролог и професор по психијатрија и бихевиорални науки на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес.

Следно што треба да направите е да се обидете да управувате со реакцијата на вашето дете.

Вашата смиреност треба да биде поткрепена со вашите топли и емпатични сигнали, што може да ѝ сигнализира на амигдалата дека нема опасност.

Во процесот на смирување фокусирајте се повеќе на своите постапки отколку на вашите зборови: вашето дете може да ги согледа вашите емоции само гледајќи ја вашата невербална комуникација, како држењето на телото, тонот на гласот и изразите на лицето.

Остварете контакт со очите со вашето дете за време на тантрумот, што покажува дека слушате и сте вклучени. Додека на некои вознемирени деца им се допаѓа физичкиот допир од родителот, за други тоа не е опција.

На крај, потврдете му на детето дека сфаќате што чувствува. Колку и да сакате да му објасните на детето дека треба да се смири, ова ретко функционира кога стресот е голем. Откако префронталниот кортекс на вашето дете ќе почне повторно да функционира, искористете ја можноста и помогнете му да формира приказна за тантрумот. Потоа потсетете го детето дека и двајцата сте добро.

Откако ги исцрпила сите техники на однесување што ги знаела, Симпсон се обидела да се фокусира на поврзување со нејзината ќерка за време на тантрумите наместо да го промени нејзиното однесување.

Пролетта нејзината ќерка имала многубројни тантруми за што било. Со текот на времето нејзината ќерка успеала да го артикулира она што навистина ја вознемирувало – длабоко во себе, таа била тажна што не можела да ја прегрне нејзината учителка.

– Тантрумите на ќерка ми буквално ме исцрпуваа. Но, на крај, двете се разбравме и се зближивме – вели Симпсон.

Автор: Ашли Абрамсон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top