За пченката не важи правилото дека свежиот зеленчук е поздрав од зготвениот. Американските истражувачи откриле дека за време на термичката обработка на пченката, варење или печење, доаѓа до ослободување на молекули со антиоксидантно дејство, со што се зголемува заштитната моќ на пченката. „Со варењето на пченката се ослободува фолна киселина, која исто така дејствува како антиоксидант“, вели Јасна Вујичиќ, нутриционист.
Лесно се вари
Пченката е најдобро да се вари во вода или на пареа. „Без разлика како е зготвена, цела или во вид на зрна, вкусна е и ја сакаат и децата и возрасните. Во летниот период ова е популарна занимација на езеро или река, на кампување или излет. Варена или печена, пченката одлично оди со сите видови месо, риба и зеленчук. Најмногу се користи во американската и мексиканската кујна, каде што од пченка се прават многу вкусни јадења. Пченката е и неизбежен прилог, се става во сендвич, на пица, во салата, супи и чорби.
Пченката важи за намирница која лесно се вари и е богата со хранливи материи, има голема енергетска вредност, не дебели, а дава енергија и обезбедува ситост подолго време. Во светот има повеќе видови пченка, а во овој регион се познати белата и жолтата. Пченката е здрава и хранлива намирница која има антиоксидантни својства што го штитат организмот од кардиоваскуларни болести и канцер. „Пченката содржи и фитохемикалии кои го чуваат нашиот вид и влакна кои ја олеснуваат столицата. Во народот е познат фактот дека пченкарната свила е добра како диуретик, но и кај срцевите и уринарни болести – објаснува Јасна Вујичиќ.

Ризница на витамини
Пченката (шеќерац) е полна со бета-криптоксантини, што докажано ги штитат белите дробови од канцер бидејќи се однесуваат како моќен антиоксиданс. Придонесот на пченката за здравјето на срцето и крвните садови не лежи само во завидната содржина на прехранбени влакна кои ги намалуваат покачените вредности на холестерол, туку и во значајните количини на фолна киселина, витамин Б1, Б3, Б9 и магнезиум, кои помагаат во природната регулација на вредностите на хомоцистеинот во организмот и така го штитат кардиоваскуларниот систем. Тој изобилува со целулоза, фолна киселина и други витамини, супстанции со кои се поправа расположението и влијаат врз работата на мозокот. Од зрната пченка се произведува масло кое се препорачува кај прогресивна атеросклероза бидејќи го намалува нивото на холестерол. Доволно е да се зема секојдневно по 20 грама како додаток во редовната исхрана.
Совет
Свежата пченка што се бере во август е најдобро веднаш да се зготви бидејќи со стоењето се намалува количината на шеќер. Отстранете ги лушпите и конците, па гответе ја во солена, зовриена вода околу еден час.