Зад нас е година на пандемија обележана со многубројни заклучувања низ целиот свет. Дали некогаш сте се запрашале како сето тоа влијаеше врз семејниот живот на луѓето? Истражување спроведено на 2.000 родители покажало дека мајките и татковците, од вообичаените 14 обврски, преминаа на 21.

По затворањето на училиштата повеќето родители (72 отсто) мора да се соживеат во улогата на наставник. Речиси половина од испитаниците морале да станат и лектори, додека 42 отсто од нив се претвориле во раскажувачи на приказни за да ги забавуваат своите деца. Околу 33 отсто од родителите ја презеле улогата на наставник по физичко образование, 21 отсто станале технички советник за социјални мрежи, а 15 отсто учествувале во видеата на „Тик-ток“ со своите деца.

56 отсто стоеле зад камерата за да ги снимаат своите деца, додека 53 отсто дури и се обиделе да играат видеоигри.

Истражувањето нарачано од „Бајагифт“ открило дека родителите презеле и некои потрадиционални улоги. Така, меѓу топ-10 улоги се најдоа: наставници, чистачи, готвачи, перачи на облека, раскажувачи на приказни, персонал за брза помош, пријатели, пекари, забавувачи и лекари.

Иако помалку од една четвртина уживале во предизвиците што ги носеле овие нови улоги, 44 отсто изјавиле дека им останува малку време за себе. Истражување спроведено од „Уанпол“ покажало дека иако 72 отсто признаваат дека дополнителната одговорност е тешка, 35 отсто уживале во дополнителното време со семејството.

Родителите откриле дека за време на заклучувањата во просек презеле дури 21 различна улога.

Извор



912

X