Неформалното образование нуди многу можности за вашето дете да учи на поинтересен начин. Понудените содржини во „Бибиверзум“ се составени од интересни часови. За секој час се изготвени различни видеа со анимираните ликови Биби и Боби и низа забавни активности.

Нашиот концепт е едукација преку игра со стекнување трајни знаења кај децата. Нашите едукативни материјали се базираат на различни задачи преку кои децата го развиваат критичкото мислење и решаваат различни загатки и проблеми. На часовите користиме различни иновативни методи за учење кои развиваат многу вештини кај децата. Акцентот е ставен на интерактивно учење, соработка со децата и примена на наученото преку практични примери.

Мотивацијата од страна на едукаторот за секое дете е од големо значење бидејќи многу е важен пристапот кон децата на помала возраст за да учат со голем интерес и љубов и да ги засакаат математиката, читањето и пишувањето.

УЧИМЕ МАТЕМАТИКА

Учењето преку игра е вистинско уживање, каде што децата учат математички содржини, со тоа учат нови поими, а истовремено ги прошируваат своите знаења. Овој концепт на учење кај децата развива креативно и логичко мислење, заклучување и донесување правилни решенија за зададените проблемски ситуации.

УЧИМЕ ДА ЧИТАМЕ И ПИШУВАМЕ

Читањето и пишувањето се неопходни вештини за децата, кои се важни за успех во животот. Преку пишувањето на елементите на буквите се усовршува фината моторика на прстите на дланката и децата се подготвуваат да ги пишуваат буквите. Читањето и пишувањето се одвива најпрво преку препознавање на буквите, па читање и пишување едносложни, двосложни и повеќесложни зборови. Потоа читање реченици, како и разбирање на прочитаното.

Задоволство ќе ни биде ако и вашето дете биде дел од кратките онлајн курсеви во „Бибиверзум“. Дојдете да се запознаеме, да се дружиме, заедно да истражуваме, да играме, да се забавуваме и да научиме важни животни лекции.

Пишува: м-р Златица Апостолов

                                                                                                                                    

(Комерцијална објава)



912

X