Моите деца врескаат на задното седиште од автомобилот. Се обидувам да гo избегнам тоа, како и секогаш. Спакував ужини за да може веднаш да се фрлат на работа откако ќе ги земам од училиште. Одвоив време за со најмалата ќерка порано тој ден. Се одморивме минатата вечер. Но, сепак, во моментот кога излеговме на улица со автомобилот и тргнавме кон дома, двете мои ќерки почнаа да се расправаат. „Ова е мое пенкало“, викна помалата. „Врати ми го веднаш!“ Поголемата ѝ рече: „Ти си бебе.“ „Мамо, кажи ѝ дека е бебе и дека треба да замолчи.“

Чувствував како да ме стега нешто во градите, емоциите почнаа да се насобираат. Кои се овие чудовишта и што направија со моите деца? „Душо, те молам зборувај љубезно со сестра ти. Не користиме грди зборови во нашето семејство.“ Моите прекорувања и насоки не водат никаде. За неколку секунди, раце и нозесе на сите страни и сите почнуваат да плачат. „Еј, вие две треба да се раздвоите веднаш пред сите да настрадаме во несреќа!“

Продолжувам по патот, обидувајќи се да се концентрирам на автомобилите пред мене додека назад се случува смртоносен судир. Дававав сѐ од себе за да не збеснам. Мајчинскиот бес е реален и се објаснува. Кога нашите деца не се однесуваат соодветно, кога сме премногу под стрес заради пополнетите распореди и не сме доволно поддржани од партнерите, кога се обидуваме да жонглираме помеѓу сите обврски, сето тоа доведува до голем притисок и резултира со бес. Срамот и стравот, исто така, имаат клучна улога. Кога децата физички се напаѓаат во автомобилот, дел од мене се плаши дека ќе се повредат, а и се срамам од возачите околу мене, иако се непознати луѓе кои веројатно нема веќе да ги видам.

Превенција, превенција, превенција

Држете се до основата: сон, исхрана и вежбање. Одвојте неколку минути во денот да се одморите, да се релаксирате со омилената песна, да дишите длабоко или добро да се насмеете. Одредете рутина за грижа за себе која ќе ја практикувате секојдневно. Моја омилена активност е да слушам добра хип-хоп песна додека возам велосипед низ соседството. За вас, тоа можеби е кафе со пријател или добра книга.

Раскажувајте ја вашата внатрешна и надворешна драма

Сочувството кон себе е една од најмоќните алатки за контролирање на бесот. Прво, именувајте ја емоцијата која ја чувствувате, потоа валидизирајте ја, а потоа утврдете дека тоа е вообичаена човечка емоција. Потоа, преземете акција: Што можам да сторам во врска со тоа? На крајот планирајте за да превенирате – дали има нешто кое можете да го направите за да не дојде до тоа. Некогаш одговорот е да, некогаш не. Поважно, наместо да го храните бесното чудовиште во себе, паузирајте, бидете љубопитни, бидете љубезни кон себе и кон децата.

Направете намерна пауза

Некогаш, кога нашите деца ни предизвикуваат бес, најдобро што можеме да направиме е да си дадеме физички простор. Најдете безбедно место каде што ќе бидете сами, одвојте се од вашите деца на одредено време. Викањето и заканувањето не водат никаде, а бесот не се намалува. Во автомобилот им реков: „Девојки, станувам многу лута. Сакам да престанете. Не сакам да кажам нешто што ќе ве повреди, па затоа ќе бидам тивка додека да дојдам до место од патот каде што ќе можам да ви помогнам.“ Останаа тивки, иако потскокнуваа од нервоза. Без разлика дали ќе поставите граница во вашата физичка околина или вербална интеракција, давањето простор на себеси моделира пример за тоа како сакаме и децата да се справуваат со големите емоции во животот и им помагаме и ним да се смират.

Секогаш ќе имаме моменти на мајчински бес, бидејќи сме луѓе и нашите деца се исто така луѓе. Трикот е да го држиме бесот понастрана колку што е можно почесто, така што константно ќе се грижиме за себе и ќе изнаоѓаме стратегии за да се справуваме со емоциите, да имаме сочувство за себе и да правиме паузи – алатки преку кои ќе го смириме бесот и помалку ќе си нанесуваме штета на другите, а и на себе.

Автор: Витни Касарес

Извор



912

X