Малото дете се гради себеси и самодовербата врз основа на реакцијата од родителите. Луѓето со ниска самодоверба се лица чии родители сметале дека пофалбите упатени кон децата се неправилен пристап, или пак големо внимание посветиле на поправање на детското однесување и на критики.

Плашејќи се да го пофалат детето, родителите понекогаш мислат дека на таков начин спречуваат кај него развој на гордост, а поттикнуваат развој на смирување. Но, тоа често доведува до спротивни резултати: не гледајќи ги позитивните оцени за своето однесување, детето длабоко во себе не може со тоа да се помири. Тогаш често станува бунтовно, или обратно, добива патолошко исплашен облик на однесување, па непрестајно се споредува со другите.

Според проучувањата на Екатерина Бурмистрова, семеен психотерапевт од Русија, родителите за смирување на детето понекогаш ја сметаат послушноста без приговори, или се обидуваат да го воспитаат со помош на насилство. Таквиот начин може да доведе до негативни ефекти, бидејќи смирувањето не смее да се подметнува, на него детето може да го научите само преку сопствен пример.

На намалувањето на самодовербата многу влијае и споредувањето со другите врсници. Се смета за нормално доколку детето во претшколска возраст има повисока самодоверба, се разбира, без претерување. Детето на училиште самото ќе увиди за што е способно, па токму тие негови способности ќе одиграат улога на заштита од наглото опаѓање на сопственото мислење за своите способности. Така што, важно е да се укажува на недостатоците, но уште поважно е да се запазат и доблестите, како кај малите деца, така и кај возрасните.

Ниската самодоверба особено може да биде проблем за време на пубертетот. Тогаш детето, може да стане плашливо или агресивно, па често влегуваат и во лоши друштва само за да се почувствуваат прифатени.

Директорот на детскиот дом во градот Нерхете, протојереј Андреј Вороњин, смислил свој метод на рехабилитација за ваквите деца: „За кај нив да се формира соодветна претстава за самите себе, треба да се постават во некои екстремни услови. Додека човек не доживее таков внатрешен потрес, неговото сфаќање за светот, другите луѓе и за самиот себе е извонредно ограничено. Затоа децата од нашиот дом ги одведовме во своевиден поход. Со десетгодишни дечиња, бевме на Елбрус, се качувавме на Супполарен Урал, каде што температурата е 30 степени под минус. Тоа е скијачки марш, само до планината се оди три дена, се спие на тој начин што сите се закопуваат во снег“.

Се оди само доброволно, па по десет дена децата се како преродени, тврди Вороњин. „Порано нашите деца се чувствуваа помалку вредни од останатите. Сега сфаќаат дека и тие се способни за многу нешта во животот“, вели Вороњин.

Автор: Ина Карпова



912

X