Децата што одат во градинка уживаат во различни придобивки од ваквата средина. Тие ги добиваат основите на она што се очекува од нив на училиште и се запознаваат со основните концепти за тоа што ќе го научат. Колку повеќе искуство и вештини стекнуваат децата во градинка, толку подобро и полесно ќе им биде во образовниот процес подоцна.

Однесување во образовна институција

Една од најважните социјални вештини што ги учат децата во градинка е како да се однесуваат под авторитет во институции наменети за нивно образование и развој, што опфаќа многу повеќе од само учење, седење и одмор.

Според „Каденес Еџукејшн“, лидер во раното детство и приватното основно образование со повеќе од 200 предучилишни установи и градинки низ САД, постојат три главни вештини во оваа категорија што треба да ги разберат децата на претшколска возраст за успешно да влезат во прво одделение:

Самоконтрола: Увид во тоа како нивните постапки влијаат врз другите.
Решавање конфликти: Учење да ги решаваат проблеми без физички конфронтации или врескање.
Трпение: Многу ситуации во градинка бараат од децата да бидат трпеливи и да чекаат ред.

Учење добри хигиенски навики

На претшколска возраст децата сè уште треба да се потсетуваат да си ги мијат рацете откако ќе играат надвор, пред јадење и по одење во тоалет.

Според „Отсим“, организација која спроведува едукација за вербална и невербална комуникација и развој на детето, иако работите како миење заби и туширање не се прават во училницата, тоа се исто така теми за кои се зборува во градинка.

Развивање натпреварувачки дух, но и прифаќање на поразот и согледување на важноста на трудот

Градинката ги учи дека иако можеби не се први во сè, важно е да продолжат да се обидуваат. И додека за нив е нормално да се чувствуваат фрустрирани кога даваат сè од себе, а некој друг е сè уште на врвот, постојат вистински начини да го изразат тоа незадоволство.

Визуелно препознавање на зборови

Според „Андерстуд“, платформа која нуди поддршка за уникатни начини на размислување, кога децата ја градат менталната основа за визуелна перцепција на зборовите, тие побрзо учат да читаат течно. Тоа е така затоа што кога ќе се сетите на изгледот на зборот, мозокот не мора да паузира за да го каже зборот и наместо тоа, може да продолжи да чита.

Вештини за читање

Како резултат на работата со визуелната перцепција на зборовите, се подобруваат вештините за читање. Но, има и други концепти што ги користат воспитувачите во градинка за да ги подобрат вештините за читање, вклучително и учење правилно изговарање зборови, препознавање термин од контекст и следење на текстот додека го слушаат воспитувачот како чита.

Извор



912

X