Никој не се раѓа како родител. Станувате родител, а родителството значително нѐ менува како личности. Без разлика дали тоа е поради исцрпеност, преоптоварување или нешто друго, честопати не се сеќаваме какви сме биле пред да имаме деца и понекогаш не сме ниту свесни дека правиме работи што може да ги иритираат другите.
Земете го за пример неправилното изговарање на зборовите (бебешко зборување), кое е забележано во многу различни култури. Начинот на кој родителите го менуваат својот тон, ритам и вокабулар кога разговараат со своите деца можеби не звучи толку слатко за другите возрасни луѓе наоколу.
Во истражувањето спроведено меѓу 977 луѓе, 69 отсто од нив рекле дека им пречи кога родителите така им се обраќаат на своите деца и зборуваат како бебиња или деца. Речиси еднаков број идни родители, 68 отсто, изјавиле дека не планираат така да разговараат со своите деца.

Карактеристиките на детскиот говор кои најмногу ги мачат испитаниците се зборувањето со повисок тон (75 отсто), претерување со изразите на лицето (53 отсто) и потпевнувањето (51 отсто).
Друга работа што ги нервира луѓето без деца се родителите кои постојано се навраќаат на разговорот за своите деца. На ова се пожалиле 70 отсто од испитаниците, додека 72 отсто од нив велат дека не ги интересираат детали за телесните функции на вашето дете.
Исто така, постојат многу фрази што ги користат родителите кои им пречат на оние без деца.
На прво место е: „Не си родител, па не го разбираш тоа“, што 68 отсто од испитаниците не сакаат да го слушнат. 51 отсто од нив велат дека ги нервира кога ќе ја слушнат реченицата: „Само мислиш дека си изморен/а, почекај додека да добиеш деца“.