При интервјуирање на овластени консултанти за лактација, мајки одговарале на прашањето „Која е најголемата грешка што ја прават новите мајки за саботирање на доењето?“ Девет претставници на Меѓународниот одбор на овластени консултанти за доење одговориле на прашањето:
1. Грешка број 1: Без доење во текот на ноќта
„Првата грешка што ја гледам кај новите родители е давањето дохрана со надеж дека нивното бебе ќе спие подолго во текот на ноќта. Потребите во текот на ноќта се исто толку важни како и во денот, ако не и повеќе! Вашето тело произведува повеќе пролактин (хормонот кој поттикнува создавање млеко) додека доите навечер. Тие ноќни хранења помагаат за одржување на производството на млеко. Ги потсетувам родителите дека човечкото млеко содржи триптофан, аминокиселина која ја користи телото за да креира мелатонин, кој помага во регулација на сонот“ – Илеана Бериос, „Брестфидинг Латинас“.
2. Грешка број 2: Неодење на часови за доење пред породувањето
„Верувам во недостиг на пренатална едукација која може да ги саботира новите мајки. Има многу фактори што влијаат врз породувањето и кои може да доведат до одржување на доењето потоа. Знаењето е моќ и ја поттикнува самодовербата пред да пристигне бебето. Многу жени со кои работам и се гласноговорници за себе и своите бебиња одвоиле време за да одат на пренатална часови“ – Холи Бек, „Холдинг Презенс“.
3. Грешка број 3: Сомневање во себе
„Најголемата грешка е сомневањето во себе, кое многу жени го доживуваат кога се изморени или вознемирени. Под сомневање во себе се подразбира стравот дека не го хранат доволно бебето или дека немаат доволно млеко. Па затоа мајките често слушаат пораки на неуспех: Морам со вештачко да продолжам; Немам доволно млеко; Моето бебе не е доволно нахрането и слично. Овие ситуации се случуваат, но може да се подобрат со поддршка. Им велам на мајките што изразуваат грижа да му веруваат на своето тело и да побараат помош. Не дозволувајте тој мал глас да надвладее и да ве попречи во постигнувањето на целите. Зборувајте со експерт, лекар, сестра и кажете ги вашите грижи пред да се откажете. Ги охрабрувам сите мајки да ги шират позитивните аспекти на доењето“ – Никол Кекеси, „Ресурсен центар за доење“ – Виртуа.
4. Грешка број 4: Не хранете го детето на барање
„Верување дека бебињата се разгалени. Бебињата треба постојано да бидат држени в раце, да чувствуваат контакт кожа со кожа, да се хранат во соодветно време и да спијат на кратки интервали. Ова се додатоци, а не маани. Бебето сака да биде во прегратка и некој постојано да се грижи за него – тоа е здраво, нормално бебе. Едноставно земете го во прегратка и хранете го кога ќе побара“ – Даниел Даунс Спрадлин, „Оазис услуги за лактација“
5. Грешка број 5: Недобивање помош
„Најголемата грешка што ја гледам кај мајки е кога тие се обидуваат сами да го сфатат доењето. Посегнувањето по групи мајки, гледање видеа на „Јутјуб“, читање објави на блогови… нема да ги доведе до целите на доењето. Повеќето мајки се борат со овој процес и многу од онлајн-советувалиштата не се доволно соодветни, а и немаат целосен пристап до одредената ситуација. Ако доењето е навистина важно за жената, тогаш таа треба да побара стручна помош“ – Жаклин Кинсер, „Холистичка Лактација“.
6. Грешка број 6: Игнорирање на болката
„Ако имате болно доење, а некој ви рече дека изгледате совршено, не верувајте му. Доењето не треба да боли, а болката укажува на проблем. Побарајте второ мислење или повеќе мислења сè додека не добиете соодветни совети како да се ослободите од болката. Не откажувајте се“ – Мери Лин Бинер, „Брестфидинг колектив“.
7. Грешка број 7: Чекање пред да побараат помош
„Грешките се дел од родителството, вклучително и доењето. Родителите го прават најдоброто што можат во систем кој генерално не е ориентиран многу кон поддршка на доењето. Па ако се борите во потрага по помош, секогаш обратете се на стручен и овластен консултант за лактација“ – Алекс Томпсон, „Брестфидинг колектив“.
8. Грешка број 8: Недоверба во сопственото тело
„Не сакам на тоа да гледам како на грешка, туку повеќе како на недостиг на самодоверба. Многу нови мајки мислат дека немаат доволно млеко. Ова може да е вистина, но сметам дека не е секогаш така, според искуството. Верувајте му на телото, не сомневајте се во себе и соработувајте со експерти“ – Барбара Рајан.
9. Грешка број 9: Прифаќање совети од погрешни луѓе
„Ако се борите со доењето, не чекајте да побарате помош од овластен советник за лактација. Според моето искуство, жените предолго чекаат за да побараат помош, не им веруваат на своите инстинкти, а наместо тоа, прифаќаат совети од погрешно информирани пријатели, роднини или даватели на здравствени услуги“ – Лора Колтер, „Чикаго ИБЦЛЦ“.