Звукот на бебе што плаче е еден од највознемирувачките звуци за човечкиот мозок.

Војската користела звуци на бебешки плач за да мачи луѓе. Вревата доаѓа до најдлабоките делови од нашиот мозок и нè предупредува дека нешто не е во ред. Кога луѓето слушаат плач на дете, нивната прва реакција е да се обидат да го сопрат. Шишенца. Цуцли. Нишкање. Што било за да се намали твој звук кој ни се чини дека ни прави дупка во главата. Плачот на бебињата е ужасен звук.

Така барем мислев.

Во 2006 година мојата сопруга и јас бевме во Амати, Казахстан, да го посвоиме нашиот син (нашето четврто дете). Во Казахстан имаат традиционални сиропиталишта. Замислете ги сите слики што сте ги виделе од сиропиталишта на филмови, само што овие се уште посиромашни и во полоши услови. Се работи за стара компонента на Советскиот Сојуз, опколена со камен ѕид.

Неколку недели пред посвојувањето секој ден го посетувавме нашиот 16-месечен син во сиропиталиштето, а посетата траеше околу час и половина. Повеќето денови го носеа кај нас. Некогаш ни го носеа само во пелена или во каква било облека што ја нашле. Повеќето денови носеше розови хулахопки украсени со цвеќиња.

Вработените искрено се грижеа за децата, едноставно беа исцрпени. Имаше по еден на 30 деца, можеби и повеќе. Еден ден се случи ниту еден работник да не биде во можност да го донесе нашиот син, па одлучивме да погледнеме самите и да видиме каде го поминува поголемиот дел од денот. Појдовме во собата полна со креветчиња. Имаше околу 20, а во секое од нив по едно дете на возраст од неколку месеци до една година. Јас и мојата сопруга само стоевме таму и имавме чувство дека нешто не е во ред. Собата беше мирна. Смирена и тивка.

Тишина.

Погледнавме дали некои од децата спијат. Само неколку спиеја. Некои седеа во своите креветчиња. Повеќето од нив лежеа на грб. Знаевме дека нашиот син секогаш беше гладен. Немаа доволно храна и млеко за да ги хранат соодветно. Нашиот син имаше 16 месеци и тежеше околу шест килограми. Соба преполна со гладни деца би требало да биде какофонија од плач. Дури и да не беа гладни, некои од нив требаше да бидат преслечени. На други им требаше внимание. Некои сакаа да бидат земени в раце.

Овие деца плачеле само еднаш. Инстинктивно е. Дете плаче за да им каже на возрасните дека има потреби.

Но, ако детето плаче постојано, а неговите потреби не се задоволуваат, ако никој не дојде, тоа набрзо учи дека плачењето е бесцелно. Ова беше соба полна со бебиња кои едноставно се исклучиле. Во тој момент да ме прашаа дали би ги посвоил сите, ќе го направев тоа.

Плачењето е звукот на животот. Детето вели: „Верувам дека некој ќе им излезе во пресрет на моите потреби. Некој ќе дојде. Некој ме сака“.

Следниот пат кога ќе бидете некаде каде што плачот на детето не треба да биде слушнат – во црква, во ресторан, во театар, запомнете го ова: Тоа е најчистиот повик за љубов што постои. Не мразете го звукот.

Радувајте се што плачот кој го слушате ќе биде услишен и ќе му биде одговорено.

Автор: Тревис Норвуд



912

X