Воспитување

Најдобрите родители ги имаат овие три особини

Родителството денес сè повеќе изгледа како флексибилно партнерство во кое родителите ги балансираат кариерите, семејните обврски и емоционалните потреби на своите деца. Експертите истакнуваат дека родителите што успеваат да изградат функционален и рамноправен однос во семејството не само што подобро се справуваат со секојдневните предизвици, туку и создаваат посилни врски со своите деца.

Наместо да се потпираат на традиционалната поделба на улогите, тие заедно наоѓаат стратегии што им овозможуваат да растат како родители и како поединци. Некои карактеристики особено се издвојуваат – токму оние што, според истражувањата и стручните мислења, оставаат најдлабок белег врз родителската улога.

Ги користат придобивките од партнерството

Наместо да ги делат одговорностите по пол, родителите кои остануваат запаметени по својата улога знаат како да ги препознаат и користат сопствените силни страни, како и оние на нивниот партнер. Ова може да значи дека едниот родител ја презема организацијата наутро, додека другиот придонесува повеќе навечер – рамнотежата се постигнува со текот на времето, а не во секој момент.

Според експертите за семејни односи, овој пристап ја намалува фрустрацијата и го зголемува чувството за праведност во врската. Постојаната комуникација и адаптацијата се клучни, наместо инсистирање на истите задачи. Кога родителите функционираат како тим што ги почитува индивидуалните силни страни, децата учат како изгледа здравата соработка.

Си даваат простор и пауза

Експертите од Американското здружение на психолози нагласуваат дека родителите што имаат можност да одвојат време за себе, без деца и дневни обврски, покажуваат поголема емоционална достапност кон своите деца.

Редовните паузи – како вечер без родителски задачи, им овозможуваат на родителите да се регенерираат и да се вратат со повеќе трпение и внимание. Тие, исто така, помагаат во зачувувањето на сопствениот идентитет и независност, што придонесува за долгорочно задоволство.

Создаваат позитивни спомени

Истражувањата покажуваат дека позитивните спомени од детството, особено оние поврзани со родителите, можат да го ублажат влијанието на негативните искуства и да придонесат за подобро психофизичко здравје во зрелоста. Ова не значи дека сè мора да биде совршено, туку дека моментите на заедништво, игра и топлина остануваат врежани во меморијата на децата.

Иако родителите честопати се исцрпени, дури и едноставните моменти на плажа, во парк или на кујнската маса можат да остават длабока трага. Токму овие моменти стануваат емоционална „резерва“ на која детето подоцна се враќа во периоди на тешкотии. Како што истакнуваат психолозите, ваквите сеќавања придонесуваат за отпорност, стабилност и чувство на припадност.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top