Штом забременив, почнав да слушам и да читам за предностите на доењето: имунитет на болести и зголемен коефициент на интелигенција. Освен тоа, би заштедиле пари, а јас би ослабела, зарем не?

Приближно 3 месеци пред терминот, сопругот и јас се пријавивме на тричасовна настава за основите на доењето. Поминавме многу време слушајќи за придобивките од доењето. Слушнавме дека доењето е природно, вежбавме со кукла и погледнавме неколку видеозаписи кои ја прикажуваа техниката на доењето. На крајот нè упатија на контакт со советник за доење во случај на какви било промени.

Тогаш всушност го добивме своето бебе, а реалноста не ми изгледаше како видеозапис. Од првиот час моето девојче не сакаше да цица. Советот на медицинските сестри беше само да продолжиме да се обидуваме. Влегуваа и ѝ ја туркаа главата до мојата дојка по 10 минути безуспешно. „Само труди се“, ми велеа. Првата ноќ една од медицинските сестри ѝ дала адаптирано млеко. „Не сакав да пати“, рече. И така ми даде уште поголемо чувство на вина бидејќи не можам да дојам и бидејќи моето бебе „пати“.

Мислев дека не сум успеала да ја завршам мојата прва мајчинска работа: да го нахранам моето дете

Другиот ден на мојата ќерка ѝ беше дијагностицирана жолтица. Педијатарот рече дека начинот да се поправи тоа е со „квалитетно“ хранење. Тоа дефинитивно не го доби од мене. Советот „Дојката е најдобра“, чија цел е да ме инспирира да дојам, резултираше со голема вина поради фактот дека тоа не ми успеа. Мојот план се распадна и се чувствував ужасно. Мислев дека тоа требаше да биде „природно“.

Мислев дека не сум успеала да ја завршам мојата прва мајчинска работа: да го нахранам моето дете. Откако бевме пуштени од болница, отидов кај советник за доење, а со комбинацијата пумпање, штитник за брадавици и ново поставување, постигнавме одреден напредок. И понатаму бебето го дохранував со адаптирано млеко секој ден. Но, поминував речиси 18 часа дневно пумпајќи и хранејќи го бебето. Доаѓав до точка на нервен слом.

Во исто време пријателките ми се јавуваа и им кажав колку се мачам. Едната од нив имала исклучиво доено бебе, а едната исклучиво хрането со адаптирано млеко. Мајката која исто така користела адаптирано млеко ми рече дека имала исто искуство како мене. По 4 недели му рекла на советникот за доење дека пумпањето и хранењето ја мачат до таа мера што не уживала да биде мајка. Советникот за доење ѝ кажал дека дошло време да престане.


„Првиот пат кога го видов мојот син како го пие адаптираното млеко од шишенцето, сфатив дека тоа е она што треба да се чувствува кога си мајка. Ако ти стане премногу тешко, не прави го тоа“, ми рече таа. Мајката што дои имаше слични совети: „Никој не кажува колку е тешко, мене ми стана полесно, но не и на сите. Не мораш да ја храниш на овој начин“.

Овие две жени ми го спасија здравиот разум. Да не доев, мојата ќерка ќе беше во ред. Всушност, мојата ќерка беше најсреќна кога беше сита. Зошто тогаш би чувствувала вина? Без притисок и чувство дека пропаѓам, мојата вина исчезна.

Сè додека моето бебе е нахрането и сито, одбивам да се чувствувам виновна

Продолжив да се обидувам да дојам колку што можев. Сега во 12. недела исклучиво ја дојам. Но, тоа не е поради вина или размислувањето дека единствено така моето дете ќе биде здраво, паметно и среќно. Наскоро се враќам на работа. Среќна сум што работам кај работодавец кој се грижи за мајките што дојат, но знам дека со тоа ќе дојдат и други предизвици. Сè додека моето бебе е нахрането и сито, одбивам да се чувствувам виновна поради начините на кои ја хранам.

Така, на сите други мајки што се борат со доењето им советувам – знајте дека не мора да го правите тоа. Ослободете се од вината и најдете начин за хранење на бебето кој ви одговара вам и на вашето семејство!

Автор: Кетрин Рејнолдс Романо

Извор



912

X