Давањето налепници („стикери“) како награда е вообичаен начин кој го применуваат и родителите и наставниците за да ги мотивираат децата да им помогнат околу домот или да ја завршат домашната задача. Но, експерт тврди дека родителите треба целосно да ги отфрлат налепниците бидејќи може да ги научат децата на штетно однесување.
Психологот Ерика Раишер предупредува дека налепниците може да функционираат „премногу добро“ и да резултираат со тоа што децата нема да сакаат да направат ништо освен ако не добијат награда. Ерика вели: „Графиконите со налепници се можни психолошки алатки и тие може да одат и подалеку од влијание врз мотивацијата на децата, па да влијаат врз нивниот менталитет и нивните односи со родителите“. Додека таа не негира дека функционираат, најчесто на краток рок, вели дека нивното користење резултира со „креирање значителни негативни долгорочни последици и за децата и за семејствата“. Децата стануваат навикнати на награди, па очекуваат пофалби и охрабрување секојпат кога ќе направат нешто – така го присвојуваат размислувањето „Што имам јас од тоа?“
Ерика вели дека децата стануваат колебливи во однос на тоа да дадат нешто бесплатно, па тоа се одразува и врз позитивните однесувања, како помагање, соработка и споделување.

Има неколку алтернативни техники што може да се користат за да се применат добри практики со децата.
Кели Бартлет, автор на „Охрабрувачки зборови за деца“, ги охрабрува родителите да го претворат во игра секој предизвик со кој децата се борат. Советува и да се понуди избор за време на задачата, за да им се даде на децата повисок степен на автономија и учество. На пример, ако вашето дете не сака да ги мие забите, треба да го прашате каква паста за заби или четка за заби сака да користи. Кели додава дека валидизирањето на чувствата на децата е исто така важно и треба да им се понудат охрабрувачки зборови како: „Знам дека можеш да го сториш тоа“.
Последно, важно е да се комуницира, па ако се мачат со одредена задача, прашајте ги зошто е тоа така, што конкретно ги мачи и им е тешко, како и што можете да направите за да им биде полесно.
Автор: Ребека Флуд