Нова студија покажа дека начинот на кој родителите, особено татковците, се справуваат со конфликтите има огромно влијание врз децата. Студијата е објавена во списанието „Журнал за семејна психологија“.

За потребите на студијата, анализирани се податоци од 3.955 семејства, со цел да се утврди влијанието на стратегиите за решавање конфликти врз развојот на детето.

Истражувачите откриле дека децата чии татковци пријавиле чести брачни конфликти биле помалку вклучени и помалку се грижеле за своите деца, па пријавиле и поголем родителски стрес. Децата на овие татковци имале пониски резултати во социо-емоционалните процени за разлика од другите деца. Спротивно на тоа, кај децата чии татковци се занимавале со „конструктивно решавање конфликти“, дури и ако често се случувале расправии, забележано е намалено негативно влијание врз социо-економскиот развој.

„Поважно од појавата на конфликт е како луѓето управуваат со него. Кога родителите би можеле да усвојат поконструктивни стратегии за решавање конфликти, тие би можеле да ги ублажат и штетните ефекти на меѓучовечките конфликти врз развојот на нивните деца“, вели Киуџи Гонг од Универзитетот во Илиноис кој работел на студијата.

Како изгледа конструктивното решавање на конфликтите во практика?

Во решавањето на конфликтите најважна е комуникацијата, но не само да ги пренесете сопствените чувства, туку навистина да слушате што зборува вашиот партнер и да одговарате со намера, а не со лутина. Една од популарните опции е методот кој треба да го следат сите родители:

-Слушајте за да го разберете вашиот партнер, а не само да „скокнете“ и да одговорите.

-Потврдете дека разбирате зошто тие се чувствуваат така како што се чувствуваат, дури и ако не се согласувате со нив.

-Одговорете на повеќе начини. Повторете го она што го велат, поставувајте дополнителни прашања и вклучете се со почит.

-Додајте информации со споделување на вашата перспектива.

Извор



912

X