Новите податоци од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека секое четврто младо лице бара грижа за менталното здравје.

Но, и покрај нивните најдобри напори да управуваат со сопствените животи и да ја остварат независноста по која толку очајно копнеат, се чини дека повторуваат неколку навики кои се мешаат во овие желби.

Без разлика дали се работи за поминување премногу време на социјалните мрежи, практикување нездрави навики во исхраната, расправија преку пораки, на тинејџерите им се потребни насоки што ќе им помогнат да се движат во односите со врсниците, да донесуваат внимателни одлуки и да практикуваат грижа за себе. Еве четири проблеми кои се чини дека постојано се појавуваат кај тинејџерите и како можете да им помогнете да имаат позитивен исход.

Поминување премногу време на социјалните мрежи – Социјалните мрежи се еден од главните проблеми за тинејџерите. Не само што им го „цицаат“ времето побрзо отколку што можат да забележат, туку и се изградени така што луѓето се споредуваат со другите. Ваквите споредби ретко носат добри чувства, а луѓето воопшто не се чувствуваат позитивно за себеси.

Тинејџерите се под притисок да бидат во тек со пријателите, да останат во контакт и да ја задржат сликата што ја создале. Ова создава поголем стрес во нивните животи, прекинувајќи ја нивната способност да размислуваат за себе и за она што го мислат и да создадат силно чувство за себе.

Совет: Организирајте време кога нема да седите пред екраните. Без разлика дали се работи за одмор за време на ручекот или по училиште, помогнете им на тинејџерите да создадат време без екран за да ги одморат своите очи и мозоци од технологијата и да закрепнат.

Јадење брза храна наместо приготвување здрави оброци – Сигурно сте ја слушнале изреката „Ти си она што го јадеш“. Таа е и тоа како точна, а ние сме тоа што сме и според начинот како јадеме. Кога брзо јадеме нехранлива храна, на нашиот мозок и тело не им го даваме соодветното гориво за добро размислување и функционирање.

Совет: Создајте редовни семејни оброци и вметнете ги во вашата рутина. Издвојте одреден ден и време кога вашето семејство ќе се собере и ќе јаде заедно. Вклучете го вашето дете во готвењето. Ова е одлична можност да научи вредни животни вештини.

Расправии преку е-пошта или пораки – Никој не може да открие какви чувства има личноста доколку користите електронска комуникација. Тинејџерите треба да учат и да практикуваат вештини за интеракција за здрави лични односи и училишни, работни и животни ситуации каде што мора да се справат со другите.

Совет: Помогнете му на вашето дете подиректно да се справува со проблемите, по можност тоа да биде лице в лице.

Откажување уште пред да почне да го прави нештото – Многу тинејџери се борат со ниска мотивација, негативни погледи и одложување. Тие ги одложуваат домашните задачи, задолженијата или грижата за хигиената бидејќи не уживаат во нив и не ја гледаат нивната вредност. Многу тинејџери си велат: „Се обидов и претходно и не успеав, зошто сега би било поинаку?“

Совет: Поделете ги задачите на помали делови за децата подобро да управуваат со нив. Помогнете им на децата да се сетат на моментите кога вложиле напори и успеале, разјаснувајќи кои алатки и дејства им помогнале да го постигнат она што треба да го направат.

Извор



912

X