„Ќерка ми си стави лак за нокти кога имаше само три години. Додека купував козметика во аптека, таа здогледа прекрасно пакување бебешки лак. По долги преговори попуштив и ѝ купив лак. Таа избра светлозелена боја и беше толку возбудена, што ме замоли веднаш да ѝ ги обојам прстите на нозете. Ги налакиравме ноктите и тргнавме на ручек со нашите пријатели. Потоа таа падна додека излегуваше од ресторанот, при што ги повреди лактот, коленото и тупаницата. За да ја смирам и утешам, ја подмитив со лак за нокти. Таа веднаш се смири. Оттогаш почнавме да користиме бебешки лакови на неделно ниво. Сум видела многу други деца од сите возрасти со налакирани нокти. Но, слушнав дека некои установи за деца од претшколска возраст имаат правила за тоа дали децата смеат да го носат или не. На која возраст мислите дека е соодветно да почнете со боење на ноктите на вашето дете? Дали дозволувате децата да одат на училиште или во градинка со лакирани нокти?“, се прашала мајката на девојчето и предизвикала лавина од коментари на социјалните мрежи.
Дали лаковите се безбедни за децата?
Лаковите за нокти содржат токсични материи, како што се формалдехид, фталати (растворувачи за бои, но токсични за нервите и ендокрините жлезди), ацетон и толуен (тие ја одржуваат бојата во течна форма, но брзо испаруваат и го полнат воздухот со токсини, загрозувајќи го вашиот респираторен систем) и бензофенони. Високата содржина на некои хемиски соединенија во лаковите може да предизвика промени на ноктите: лупење на ноктите, дехидрација, алергиски контактен дерматитис, промена на природната боја поради таложење на пигменти во ноктите, иритативен дерматитис поради употреба на отстранувач на лак.
Затоа, најдобро е да не ги лакирате детските нокти редовно, но може повремено. Со други зборови, ограничете ја употребата на лак на децата само за посебни прилики. Не користете традиционален лак за нокти за возрасни на мали деца, особено ако тие сè уште имаат навика да го цицаат палецот или прстите. Некои лакови за нокти за возрасни содржат формалдехид, толуен и фталати, кои можат да бидат токсични доколку се проголтаат. Нетоксични лакови на база на вода се најдобри за деца. Процедурите со трајни или полутрајни лакови за нокти не треба да се практикуваат кај деца бидејќи тие содржат токсични компоненти, како што се акрилат и хидрохинон метил етер (мекинол). Исто така, важно е да се отстрани лакот со производи без ацетон бидејќи оваа хемикалија е многу агресивна за ноктите.