Бил Гејтс, човекот кој помогна да се создаде технологијата што сите ја користиме денес, има многу строги правила кога станува збор за користењето паметни телефони. Во неодамнешното интервју за веб-страницата „Мирор“, Гејтс откри дека на неговите деца не им било дозволено да имаат сопствен мобилен телефон пред да наполнат 14 години.

– Често поставуваме правило да не се користат екраните, а тоа им помага да заспијат во разумно време – изјави Гејтс. Исто така, мобилните телефони не се дозволени на маса за време на оброците, но тие можат да се користат за домашна работа или за учење.

Иако децата на Бил Гејтс сега се пораснати, правилото за забрана на епл-производи сè уште важи во нивниот дом. Забраната произлегува од долгогодишното ривалство меѓу Гејтс и основачот на „Епл“, Стив Џобс.

Пристапот на Гејтс можеби изгледа суров, но одложувањето на користењето на паметниот телефон во детството може да има свои придобивки. Според извештајот за 2016 година „Деца и технологија: еволуцијата на денешните дигитални домородци“, просечната возраст на која децата го добиваат својот прв паметен телефон е 10,3 години.

Џејмс П. Стајер, извршен директор на организацијата „Комон сенс медија“, вели дека има строго правило и за своите деца.

– Тие нема добија мобилен телефон додека не почнаа во средно училиште. Но, не постои универзално правило бидејќи сите деца се различни. Возраста не е толку важна колку што е нивната зрелост и способност да преземат одговорност – вели Стајер.

Извор



912

X