Воспитување

Мудрите родители помалку се грижат за тоа колку време децата поминале пред екран, а повеќе за нешто друго

Кога станува збор за влијанието на екраните и нивната употреба врз развојот на децата, ставовите се доста контрадикторни. Повеќето експерти се согласуваат дека децата под две години воопшто не треба да се изложуваат на екрани и мобилни телефони треба да им се даваат подоцна. Ова е став и на Американската академија за педијатрија. Од друга страна, постојат и опсежни студии кои наводно покажале дека од 350.000 тинејџери што биле учесници во студијата, само 0,4 отсто покажале одредени ментални проблеми под влијание на прекумерна употреба на телефоните.

Како и да е, ние сме убедени дека впечатокот што го добиваме од училниците од нашите колеги не е погрешен. Децата кои се премногу често и долго изложени на екрани трпат негативно влијание.

И колку и да сакаме, не е лесно да ги држиме подалеку од овие модерни технологии. И тоа не е секогаш добра идеја.

Додека истражувала за нејзината книга за родителство, Мелинда Венер Мојер открила дека родителите на успешните деца навистина не се грижат толку за бројот на часови и минути што нивните деца ги поминувале пред екраните.

Наместо тоа, тие се фокусирале на учење на децата на вештините за правилна и паметна употреба на дигиталните уреди.

Еве што значи тоа.

Учете ги да ги оценат и проценат содржините што им се пласираат

Истражувајте апликации, игри и страници заедно со вашето дете. Дискутирајте и коментирајте. Слушајте. Заедно прочитајте ги условите за користење и разговарајте за работи што ве загрижуваат или што вашето дете можеби не ги разбира.

Ако некоја апликација или веб-локација се чини дека е измама или промовира лажни вредности, објаснете им зошто мислите дека е така и зошто самите не би го трошеле вашето време користејќи таква содржина.

Во ерата на дигитализација, овие разговори се неопходни. Како што ги учите дека треба да велат „добро утро“ кога ќе сретнат некој што го познаваат, така мора да ги научите да бидат одговорни во виртуелниот свет.

Учете ги да постават граници

Ако се чувствувате како да немате доволно контрола врз тоа како или колку време поминуваат вашите деца пред екран или ако сакате да воспоставите некои правила, размислете за одржување семеен состанок за да направите план за користење на дигиталните уреди.

Може да поставите некои правила и упатства за да создадете рамнотежа, да ги научите децата да ги користат екраните конструктивно и да им помогнете да ги избегнат замките на виртуелниот свет.

Еве за што можете да разговарате:

  • Како да спречите екранот да влијае врз губењето на сонот;
  • Како да се избегнат безбедносни ризици;
  • Како да се избегнат конфликти.

Научете ги да ги користат екраните за добри цели

Научете ги децата дека екраните и технологијата не се нужно лоши. Дека не е работата да не ги користите, туку да ги користите на добар начин. Бидејќи тие се одлични алатки за учење, наоѓање информации, комуникација и навигација.

Ако имате дете од предучилишна возраст, наместо игри каде што брка некаков непријател или пука во топка, инсталирајте му едукативни игри. Откако ќе помине одредено време пред екранот, прашајте го: „Што научи?“ или „Со кого зборуваше?“

Екраните се алатка. Не како алатките на кои сме навикнати во традиционална смисла, но како и традиционалните, и тие можат да бидат корисни. Но, можеме да се повредиме ако не знаеме како да ги користиме. Затоа, наша задача како родители е да ги научиме како правилно да ги користат за на крај да не се повредат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top