Мозокот на возрасно лице, еден од најкомплексните органи во нашето тело, е различен од оној на бебињата не само според големината и способноста за учење, туку и во различните функции, на начин на кој научниците не очекувале дека ќе се разликува.

Студија спроведена од група истражувачи од државниот универзитет во Охајо заклучува дека луѓето не се раѓаат со способност за развивање емоции кон работите или настаните што ги гледаат или слушаат, но ја развиваат таа поврзаност подоцна во мозокот. Истражувачите испитале 40 возрасни лица преку снимки на мозокот и 40 новороденчиња, кои не биле постари од една недела, за да ги споредат разликите помеѓу нив.

Се покажало дека возрасните ја развивале таа поврзаност посилно отколку бебињата, што им дозволува да искусуваат страв од нешто од кое се плашат, или љубов кога гледаат некој што го сакаат. Сепак, бебињата ја формираат таа поврзаност по неколку месеци, па искусуваат повисоки нивоа на емоции, вели еден од истражувачите. Биле истражувани обрасците на мозочните сигнали кога се поврзувале амигдалата, делот од мозокот одговорен за емоции, и визуелниот кортекс (визуелниот процесор).

– Гледањето на овој образец и за визуелните и аудиторните регии е потврдувачко бидејќи демонстрира дека амигдалата се поврзува повеќе со региите што обработуваат комплексни стимули – работи кои би гарантирале емоционален одговор – и тоа не само во области кои се поблиски во однос на растојание до амигдалата – вели Хансен, водечкиот автор на студијата.

Истражувањето докажува доста важни работи, дека амигдалата игра важна улога во многу нарушувања што се случуваат во раните фази од животот, како аутизам и анксиозност.

– Преку следење и разбирање на насоката на развојот треба да можеме да кажеме што е типично и како може работите да тргнат на лошо. Тоа може да нè доведе до нови начини на дијагностика и третман – објаснуваат истражувачите.

Автор: Дениз Јилмаз

Извор



912

X