Откако ќе го дознаете ефектот што го имаат паметните телефони врз мозокот на нашата следна генерација, можеби ќе размислите двапати дали да му купите мобилен телефон на вашето дете.

Научниците предупредуваат дека тинејџерите се многу поподложни да станат зависни од нивните мобилни телефони бидејќи нивниот мозок сè уште се развива и прекумерната употреба може целосно да го промени. Во овој момент од нивниот живот, нивниот префронтален кортекс, во суштина „контролниот систем“ на мозокот, сè уште се развива и станува премногу зависен од моменталното задоволство што младите го добиваат од „скролањето“ на социјалните мрежи.

За време на една епизода од британската програма Ај-ти-ви, експертите анализираа снимки од магнетна резонанса кои покажаа како мозокот на адолесцентот реагира на пријатните искуства како што се користењето на социјални мрежи „Тик-ток“ и „Инстаграм“.

Професорката по невронаука и ментално здравје Кира Мекејб објаснува дека возрасните со целосно развиен мозок знаат кога е доста, додека денешната младина не размислува на овој начин.

И како резултат на тоа, тинејџерите се посклони кон зависно однесување бидејќи се навикнати да ја добиваат таа редовна стимулација што доаѓа од онлајн содржините.

Наместо да ги искусат радостите на реалниот живот, тие бараат брз лек за тој наплив на допамин.

– Кога користите нешто како паметен телефон, ако користите апликации кои се забавни или корисни, тоа ќе активира делови од мозокот кои се вклучени во наградата – објаснува Мекејб.

– Кога сте возрасен и гледате во вашиот телефон, очигледно го имате активирано системот за награда на вашиот мозок, но имате и целосно развиен префронтален кортекс и тоа е како контролен систем. Постојат докази дека мозокот на адолесцентите или тинејџерскиот мозок реагира поинаку отколку мозокот на возрасна личност, особено на наградувачките искуства. Ова е така затоа што делови од префронталниот кортекс сè уште не се целосно развиени кај помладите луѓе – додава таа.

Таа објаснува дека тоа ги става тинејџерите во поголем ризик да станат зависни од социјалните мрежи бидејќи нивниот мозок се навикнува на постојаниот „удар“ на допамин што го добиваат додека се онлајн.

Исто така, други истражувања дадоа слични резултати, а истражувањето спроведено во САД во 2022 година сугерира дека мозокот на тинејџерите под постојано влијание на содржината на телефонот се развива поинаку. Експертите од Универзитетот во Северна Каролина претходно објаснија дека младите луѓе кои ги проверувале нивните профили до 20 пати на ден станале „пречувствителни“ на социјалните повратни информации од нивните врсници.

Оваа навика била поврзана со подоцнежните промени во тоа како нивниот мозок реагирал на светот околу нив.

– Повеќето адолесценти почнуваат да ги користат технологијата и социјалните медиуми во еден од најважните периоди за развој на мозокот во нашите животи. Нашето истражување покажува дека постојаното проверување на профилите на социјалните мрежи може да има долготрајни и важни последици врз невроразвојот на адолесцентите – вели авторката на истражувањето и главен научен директор за Американската психолошка асоцијација, Мич Принштајн.

Извор



912

X