Кога ќе се разболи, секоја мајка има страв дека ќе му наштети на своето дете. Од таа причина, ова се неколку совети за тоа како да постапувате доколку сте болни кога доите

Дали ќе му наштетите на бебето ако доите, а сте настинати?

Кога мајката што дои е болна, таа преку млекото му пренесува на детето антитела кои му помагаат да се заштити од развој на болеста, тврдат експертите. Всушност, со доењето му создавате на детето „штит“ кој го чува и од вашите и од бактериите на другите луѓе. Дури и ако вашето дете се разболи, многу брзо ќе оздрави ако го доите.

Кога не би требало да го доите бебето?

Постојат неколку исклучоци од правилото дека секогаш треба да се дои бебето. Според Американскиот центар за превенција и контрола на болести, доењето не е препорачливо доколку мајката има ХИВ, туберкулоза или човечки Т-лимфотропен вирус тип 1 или 2, доколку прима хемотерапија или одела на третман на зрачење поради канцер. Исто така, доколку детето има галактосемија (ретко генетичко нарушување), немојте да го доите бебето.

Што ако бебето е болно?

Како и возрасните, и децата често ги менуваат своите навики ако не се чувствуваат добро. Дури и кога бебето има воспоставено распоред на хранење, важно е да се прејде на доење на барање ако бебето е болно. На тој начин ќе спречите дехидрирање. Некои бебиња едноставно одбиваат да цицаат кога се чувствуваат лошо. Обратете му се на педијатар за совет за да бидете сигурни дека бебето добива сѐ што треба.

На што треба да се обрне внимание при доењето?

Важна е хидратацијата – пијте многу вода доколку не се чувствувате добро. На тој начин ќе обезбедите доволна количина млеко. Обрнете внимание на положбите – доколку сте болни, лежете настрана и одморајте се додека бебето јаде. Ако носето на бебето е затнато, тогаш поставете го исправено за да може да диши нормално додека јаде.



912

X