Научниците долго се прашувале дали новороденчињата учат во текот на фазата на сон. И, се разбира, добра вест е дека бебињата може да обработуваат некои надворешни информации додека спијат – на пример, звуци и телесни чувства.

За да откријат колку новородени деца ја перципираат околината и ги обработуваат информациите во состојба на сон, истражувачите набљудувале доенчиња од 1 или 2 дена. Во неколку наврати пуштале краток музички тон, а веднаш потоа им пуштале слаб млаз воздух во лице. Бебињата почнале да се муртат чувствувајќи го освежувачкиот воздух. По приближно 20 минути, бебињата почнале да се муртат откако го чуле тонот, а по тонот следувало и струење на воздухот. Но, новороденчињата кои биле изложени на наизменични тонови без дување воздух не се муртеле.

Мозочната активност на бебињата што биле изложени на испуштање тонови со паралелно дување воздух им била зајакната по пуштањето на тонот. Научниците го толкуваат тоа како доказ дека заспаните бебиња научиле да го поврзуваат тонот со струењето на воздухот.

Имено, ова е прва студија која покажала дека новороденчињата се способни да учат во сон за причинско-последичните односи на настаните. Но, не е познато дали е ова својствено само за бебињата или е така и кај постарите деца и возрасните. Но, што е со другите видови учење – како учењето јазици? Дали бебињата нè слушаат додека спијат? Одговорот е – да. Експериментите покажуваат дека новороденчињата може да научат да разликуваат различни гласови додека спијат, да го препознаат мајчиниот глас, па дури и да ја перципираат музиката која ги смирува.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X