Монтесори-педагогијата разликува посебен начин на стекнување нови зборови, односно поими, а Марија Монтесори го нарекла тоа – „лекција во три времиња“. Самиот метод на лекцијата помага во развојот на говорот и олеснување на детето да разбере и научи нови зборови. Методот е многу едноставен за примена и вклучува именување, посочување и прашување.

Прва лекција (именување)

Првиот час вклучува именување на предмети, па се одбираат три предмети кои имаат слични својства (на пр., три вида овошје – јаболко, банана, круша). Може да се изберат предмети (и суштества) во однос на тековните интереси на детето или во однос на активноста што се спроведува. Ако се земе предвид тема за Нова година, на пример, тогаш би можеле да се изберат 3 поими – елка, подарок, Дедо Мраз. Сите три поими се многу јасни и можете да најдете соодветни фигури или слики од тие поими.

Кога избираме три поими, тогаш ги именуваме, покажувајќи кон секој од предметите и велејќи: „Ова е јаболко“, „Ова е банана“, „Ова е круша“ – на овој начин се вежба и показниот гест. Покрај покажувањето на секој од предметите (т.е. овошјето во овој случај), тие може и да се земат в раце и да се допрат, да се почувствуваат текстурата и тежината и да му се дозволи на детето да го стори истото. По именувањето, бараме од детето да повтори по нас.
Ние се обидуваме да ги кажеме зборовите јасно и полека за детето да го слушне секој звук.

Првата лекција може да се повтори неколку пати.

Втора лекција (посочување/покажување)

Втората лекција вклучува препознавање и таа треба да се одвива без брзање, бидејќи втората лекција, односно фаза, е клучна за усвојување на третата.

Ќе ги користиме истите примери – јаболко, банана, круша.

Како вовед во втората лекција, ја повторуваме првата и го именуваме секое овошје одделно – „Ова е јаболко“, „Ова е банана“, „Ова е круша“- со покажување или манипулирање со него. Потоа го прашуваме детето: „Можеш ли да ми го покажеш јаболкото?“, а потоа велиме „Покажи ми го јаболкото“. Ако детето го покаже вистинското овошје, тогаш можеме да ја продолжиме активноста и да кажеме „Стави го јаболкото овде“, „Земи го и стави го во корпата“ итн. Ако се случи детето да не може да го покаже она што го бараме, се враќаме на првата лекција.

Трета лекција (прашање)

На третиот час преминуваме само кога сме сигурни дека детето знае да го именува она што го бараме од него. Третата фаза ја започнуваме со повторување на првите две, а потоа го прашуваме детето „Што е ова?“ Важно е да не вршите притисок и да му дадете доволно време на детето да одговори – клучно е да се чека, на некои деца ќе им требаат неколку секунди за да одговорат, на некои можеби ќе им треба минута, важно е да бидете трпеливи.

Сите три лекции се презентираат во исто време, тие се раздвојуваат т.е. за секој ден/час/третман, може да се изберат три збора (или повеќе ако детето може да научи повеќе) што сакаме детето да ги научи и потоа се започнува со лекцијата во три времиња – именување, покажување, прашување.

Кога детето ќе ги совлада зборовите, тогаш може да се играат игри како „вистина/невистина“ и да го прашаме „Дали е ова јаболко“ додека покажуваме на круша и слично.

Извор



912

X