Дали сте размислувале за тоа на кој начин всушност се одвива механизмот на размислување, зошто сите не мислиме подеднакво и зошто децата размислуваат поразлично од возрасните?

Одредени научници наведуваат дека разликата помеѓу приматот и човекот е токму во постоењето креативност и дека човековата способност на замислување и создавање идеи е она што му овозможило развој и напредок. Креативноста подразбира создавање оригинални идеи, а интересно е дека со зголемувањето на знаењето би требало да се зголеми и креативноста, односно бројот на идеи. Меѓутоа, се поставува прашање зошто креативноста со години се намалува и дали се намалува? За да бидеме креативни, мораме да се најдеме во ситуација која ни создава можност да создаваме нова идеја. Во детското секојдневие, таквите ситуации се многу, додека кај возрасните рутината често го презема главниот дел од денот, па наместо да бидеме креативни, многу често размислуваме само како нашиот одговор да биде точен, водејќи се од постоечките идеи и решенија, зададени правила. Па така, креативноста не се намалува, туку помал број прилики да бидеме креативни.

Детето брзо и лесно ќе изработи играчка од обични кутии, да осмисли приказна замислувајќи ситуација и ликови и ќе живее во моментот на фантазија, без оптоварување за хронологијата и точноста – токму зошто креативноста е игра без правила. Без фантазија, детето не би учело со молскавична брзина, а човештвото не би било тука каде што е. Креативноста е најсилна детска особина, му овозможува да се спознае себеси и светот околу себе, а задача на возрасните е да им овозможат на децата да фантазираат. Здравиот организам може да фантазира, а здравјето зависи од правилната исхрана, па наулата одлучила да испита во која мера се поврзани одредени хранливи материи и когнитивниот развој, па дури и креативноста.

Еден од најчестите нутритивни дефицити во светот е недостигот на железо во организмот, па така во последните 4 до 5 години, спроведени се неколку истражувања за поврзаноста на железото и креативноста. Светската здравствена организација, проценува дека дури повеќе од 35 отсто од децата имаат недоволен внес на железо и негов недостаток во организмот. Железото има неколку важни функции во телото, каде што како составен дел од хемоглобинот го пренесува кислородот во сите негови клетки, па така дел од ензимите учествуваат во метаболизмот за енергија и протеини потребни за раст и развој на детето.

Но, кога се работи за креативноста, железото има посебна функција и тоа токму во мозокот. Овој минерал учествува во теакциите на таканаречениот допаминерален систем, кој е одоговорен за телесната активност и апстрактното мислење, односно креативноста. Докажано е дека не е само анемијата предизвикана од недостатокот на железо, туку и дека секој помал недостаток на железо во организмот на детето, може негативно да влијае на когнитивниот развој, концентрацијата, помнењето и конечно креативноста.

Сепак, покрај здравјето, правилната исхрана на детска возраст мора да му овозможи на детето правилен раст и развој. Секојдневниот внес на сето она што му е потребно на организмот на детето и тоа во доволни количини, често не е возможен, бидејќи децата често нерадо јадат намирници богати со витамини и минерали, посебно оние богати со железо, како црвено месо и зелен зеленчук од лисја. На ова треба да се пристапи на имагинативен начин, па се советува детската исхрана да биде првенствено креативна. На пример, она што на децата не им е така слатко, треба да е понуди во варијанти кои ќе им бидат интересни и прифатливи на вкус, па тоа е можност и вие како родители да бидете имагинативни – кретивните рецепти и јадења се најдобар начин детето да ги прифати новите намирници и да им пружи прилика на оние кои до сега и не му биле баш вкусни. Многу држави биле креативни за да обезбедат доволен внес на железо во добата на интензивен раст и развој, па на индустријата со прехрамбени производи и предложиле обогатување на децата со пристапни намирници и со тоа обезбедување на потребниот внес на железо и други минерални материи.

Автор: д-р сц. Тена Нисетео, клинички нутриционист

Извор



912

X