Честопати родителите ме прашуваат како да воспитаат детето да порасне во човек кој има самопочит. Еве, да одговорам, вели рускиот психолог Михаил Лабковски.

Прво

Детето треба да се чувствува дека е прифатено онакво какво што е. За родителите тоа не е товар, изгубена надеж или можност за реализирање на сопствените амбиции.

Тоа значи дека не е потребно да ги заморувате околу оценки, часови, постигнувања на разни активности. Бидете мирни во поглед на учењето. Не треба да правите семејни прослави ако ги има сите петки, како што не треба ни трагично да сфатите ако има понекоја двојка или тројка.

Детето мора јасно да знае: прифатено е и сакано онакво какво што е.

Второ

Како и зошто да го фалите? Прво, не треба да се користат пофалбите како мотивација. Детето не треба да има чувство дека мајката ќе го прегрне поради златните медали, а таткото ќе го бакне само ако ги измило садовите. Ви помогнало низ дома? Можете едноставно да му се заблагодарите. Добило добра оценка? Споделете ја неговата радост.

Дајте му до знаење дека го сакате и цените – не поради нешто, туку ете, онака.

Трето

Бидете тука ако му е тешко. Ако нешто го мачи, не треба да му кажете: „Тоа е твоја грешка“ или „Не требаше да се дружиш со тоа дете“ или „Требаше подобро да се подготвиш“.

Четврто

Никогаш не споредувајте го со друго дете. Дури и ако споредбата е во корист на вашето дете. Детето воопшто не треба да има навика да гледа во „туѓ двор“. Треба да се насочи на тоа какво е самото, а не какво е во споредба со другите.

Петто

И најважно: самите родителите треба да имаат висока самопочит. Родителите што ги прават работите како што треба, но не се сакаат себеси, нема да можат да воспитаат дете со голема самодоверба.

Ако мајката ѝ каже на ќерката: „Ти си најубава за мене“, а истовремено во нејзино присуство зборува за својот изглед или целулит – од тоа нема ништо.

Извор



912

X