Грбот го носи најголемиот и најтешкиот товар од бременоста, па потребна е помош откако ќе дојде бебето. Болката во грбот најчесто ги придружува жените во текот на бременоста, а и во првите денови од мајчинството. Со следните совети олеснете си ги првите денови од мајчинството и заборавете на болката!

Научете да го подигнувате детето: не наведнувајте го грбот

Не виткајте го грбот нанапред за да го подигнете детето, туку повеќе свиткајте се со свиткување на колената, бидејќи на тој начин ќе ви се наметне тежината на нозете, а не на ‘рбетот. За да бидете сигурни дека го правите тоа правилно, застанете околу 30 сантиметри пред столот и спуштете се како да седите на него. Задникот постепено ќе се приближува до столчето, но ‘рбетот треба да остане во својата природна положба, стапалата на подот и свитканите колена.

Престанете со подгрбавувањето

Ако рамената и горниот дел од грбот се навалени напред додека ги читате овие редови, време е да го поправите вашето држење. Мајките поминуваат многу време во стуткана положба – додека дојат, се наведнуваат над креветчето или ги менуваат пелените на своето бебе, велат остеопатите.

Поддржете се со перници додека доите и обидете се да прицврстите комода или маса за пресоблекување на висина на половината.

Фокусирајте се на телесните мускули

Никогаш не било поважно да се зајакне оваа мускулна група. Мускулите на вашето торзо се составени од мускули на карличниот под, како и мускули кои го опкружуваат вашиот струк како корсет. Најважни се длабоките мускули по должината на ‘рбетот, а колку се посилни, толку поголема поддршка ќе има вашиот ‘рбет.
Вежбањето со оптоварување е одлично за зајакнување на оваа мускулна група, но почекајте да го направите вашиот прв постпородилен преглед пред да започнете со вежбање. Сигурен почеток е седењето на топка додека гледате телевизија. Вашите мускули на торзото треба да бидат активни за да го одржат вашето правилно држење.

Обезбедете удобност

Ако спиете лошо и имате болки во грбот наутро, размислете да земете нов душек. Физиотерапевтите обично препорачуваат спиење на малку потврд душек за луѓе со проблеми со ‘рбетот, но истражувањата покажаа дека и душекот со средна цврстина е исто толку добар. Покрај купувањето нов душек, пробајте и нови пози за спиење. По породувањето спијте на грб и ставете перница под колената. Ова ќе ја свитка карлицата и ќе го намали притисокот од ‘рбетот.

Менувајте позиции

Хранењето, менувањето пелени и подигнувањето на бебето вклучуваат цела низа повторувачки движења кои можат да предизвикаат болка. Можеби ова ви изгледа неприродно, но можете наизменично да го носите бебето во едната, а потоа во другата рака.

Извор



912

X