Здравје

Мажите сè подоцна стануваат татковци

Мажите, со оглед на тоа дека не влегуваат во менопауза како жените, можат да станат татковци и на повозрасни години. И сè повеќе мажи се одлучуваат на тоа.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, просечната возраст на која мажите првпат стануваат татковци е околу 25 години. Но, според повеќето државни статистики, од 1980 до 2014 година бројот на мажи што стануваат татковци на 35 години или повеќе се зголемил за 58%. Во повеќето случаи возраста не е причина за грижа. Повеќето повозрасни татковци немаат проблем со плодноста и нивните деца немаат сериозни физички или развојни проблеми, вели д-р Роберт Е. Бренинган, уролог и специјалист за машка репродуктивност од Медицинската школа при Универзитетот „Нортвест“. Сепак, тоа не значи дека одлагањето на татковството е целосно без ризик.

Стареењето претставува проблем при производството на сперма

– Жените се раѓаат со сите јајце-клетки што ќе им требаат во животот. Од друга страна, мажите буквално се фабрики за производство на сперма. Тие произведуваат околу 1.000 сперматозоиди со секое отчукување на срцето – вели ендокринологот д-р Бредли Енаволт од Универзитетот во Вашингтон. Повеќето од нив никогаш нема да оплодат јајце-клетка – се отпуштаат при ејакулација или пропаѓаат во телото кога ќе им дојде време за тоа.

– Откако ќе навршите 30 години, дел од вашата машинерија почнува да произведува „ќор-фишеци“ – тврди д-р Ранџит Рамасами, директор за машко репродуктивно здравје и хирургија на медицинскиот факултет „Милер“ во Мајами. За тоа можете да ги обвините радијацијата, токсините од околината и стареењето.

Како што стареете, така и овие фактори ќе се натрупуваат, ќе почнете да ги губите Лејдиговите клетки – кои се наоѓаат во тестисите и произведуваат тестостерон, како и Сертолиевите клетки, кои даваат потпора, заштита и исхрана во текот на развојот на сперматозоидите – истакнува д-р Бренинган.

Како резултат на тоа, вашето тело почнува да произведува сè повеќе дефектна спрема која содржи и генски мутации кои би можеле да му наштетат на вашето идно дете. Просечен 30-годишен татко му пренесува околу 55 генски мутации на својот потомок, според списанието „Нејчр“. Но секоја наредна година тој број се зголемува. Тоа значи дека на секои 16,5 години бројот на мутации што ги пренесувате двократно се зголемува. За 50 години, кога ќе имате 80 наместо 30 – зад себе ќе оставате 8 пати повеќе генски мутации.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top