Воспитување

Машина за садови или плејстејшн – детето да одлучи

Дијалогот помеѓу Ана Бикова и нејзиниот 11-годишен син, објавен на нејзиниот блог, брзо се рашири на интернет. Во својата книга таа го наведува како пример како детето може да ја донесе вистинската одлука наместо вас.

– Сакам плејстејшн.
– Што ќе ти е?
– Да си играм. Забавно е. Сите мои другари имаат.
– А зошто ти уште немаш?
– Затоа што не си ми го купила.
– А зошто не сум ти го купила?
– Затоа што немаш пари.
– Ни малку?
– Имаш, но не сакаш да ги потрошиш на плејстејшн.
– А зошто?
– Затоа што трошиш пари на други работи.
– На кои други работи?
– Веројатно на некои што се попотребни.
– Што може да ја промени ситуацијата?
– Можеби да трошиме помалку?
– Од што би се откажал заради плејстејшн?
– Би можел да се откажам од одење во кино и од бонбони.

Можеш ли да пресметаш колку ќе заштедиш за еден месец?
– Околу 1.000.
– Тогаш, колку месеци ќе бидат потребни за да собереш пари за плејстејшн?
– Една и пол година.
– Можеш ли да се стрпиш една и пол година? Дали си подготвен толку долго да живееш без кино и бонбони?
– Не.
– Имаш ли друга идеја?
– Па, да почнеш повеќе да заработуваш.
– Баш убаво. А, можеш ли да ми објасниш како да заработувам повеќе?
– Повеќе да работиш.
– А како да најдам време за тоа?
– Па, откажи некоја од работите што ги правиш.
– На пример? Да спијам, да јадам, да се одморам – без тоа не можам. На што друго трошам време?
– Одиш во продавница, готвиш, переш, ги миеш садовите.
– Што уште?
– Чистиш со правосмукалка.
– Што од тоа може да не го правам јас? Кој би го направил место мене?
– Можам јас да поминувам со правосмукалка и да ги мијам садовите.
– Супер. Баш се спремав да купам машина за миење садови. Таа чини исто колку плејстејшн. Ако ти ги миеш садовите, нема да ми треба машина. Дали се спремен да ги миеш садовите секој ден ако купиме плејстејшн?
– Секако.
– Дали си спремен да миеш садови половина година, сè додека повторно не заштедам за машина?
– Сум.
– А ако не си стоиш на зборот? Ако јас купам плејстејшн, а ти се откажеш од миењето садови? Како тогаш да постапам?
– Па, ќе биде во ред да ми го одземеш.
– А ако за два дена ти здосади да играш на него и престанеш да ги миеш садовите? Тогаш јас нема да имам ни чисти садови ни пари за машина? Како ќе се чувствувам? Како би чувствувал ти да си на мое место?
– Дека сум измамен.
– Дали и понатаму ќе му веруваш на човек кој те измамил?
– Не.
– Дали со него повторно би се договарал за нешто?
– Не.
– Дали ќе имаш и други желби откако ќе добиеш плејстејшн?
– Секако.
– Значи, сфаќаш ли дека ако ги прекршиш условите од нашиот договор, во иднина нема да ти ги исполнувам твоите желби? Сфаќаш дека е во твој интерес да ги почитуваш договорените услови?
– Секако?
– Што би можело да предизвика да го прекршиш договорот?
– Можам да се изморам.
– И како мислиш да го решиш тој проблем?
– Ајде во недела да бидам ослободен од миење садови.
– Добро. Можеби треба првин да направиме проба, да видиш како изгледа кога секој ден да миеш садови. По една недела, можеби ќе заклучиш дека не ти е потребен плејстејшн по таа цена.
– Ајде.

Така и беше. По една недела син ми сам се согласи дека машина за миење садови е попотребна од плејстејшн, дека е подобро некое време да нема скапи играчки и дека тој не сака да мие садови секој ден.
Можеше сето тоа да се заврши со едно кратко и јасно „не“. „Првин ќе купам машина за садови зашто таа ми треба“. Но тоа немаше да ме спаси од неговото незадоволство и постојаното барање „Купи ми…“

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top