Униформи за сите деца за да нема класни разлики и празници во кои се слави почитта на ученикот кон наставникот се главни одлики на образовниот систем на Тајланд. Ова се впечатоци на една од ретките Македонки во Тајланд, Марина Јакшиќ, која десетина години работи како наставник за деца од 4 до 6 години во училиште во земја со 70 милиони жители

Марина е професор по физичка култура, но не добила шанса да работи според својата професија додека живеела во Скопје. Работела во Дубаи, каде што не се пронашла, па оттаму со своите другарки заминала на одмор во Тајланд не знаејќи дека тоа ќе ѝ биде животна дестинација.

– Доаѓавме три години по ред, во зима доаѓавме за да поработиме и да поуживаме. Одев на островите и работев во бар. По третата година го запознав мојот сопруг, кој е тату-мајстор. Во 2014 година одлучивме да бидеме поблиску до цивилизацијата и се преселивме во неговиот роден град Корат, кој е на три часа оддалеченост од Бангкок. Аплицирав преку агенција за работа во едно село каде што работев 3-4 месеци, додека не сфатив дека пасошот ми истекува, па се вратив назад во Македонија да извадам пасош – ја почна својата приказна Марина.

По обновувањето на пасошот, Марина се вработила во државно училиште во кое работела една и пол година сѐ до заминувањето на породилно отсуство. Не ѝ бил продолжен договорот и ѝ кажале дека не им е потребна. Марина не жали за одлуката на училиштето бидејќи набрзо се вработила во големо приватно училиште во кое работи до денес.

Остатокот од текстот прочитајте го на Факултети.мк.



912

X