Утрата се прилично тешки. Неодамнешно истражување откри дека 60 отсто од новите мајки велат дека извршувањето на утринските обврски е значителен предизвик, а друго истражување открива зошто е толку тешко.

Истражувањето посочува дека сите задачи и подготвувањето на децата наутро се исто како мајките да поминале уште еден работен ден на работа.

Многу родители ќе ви кажат дека се потребни неколку часа за целото семејство да излезе од домот наутро, а истражувањето открива дека повеќето од родителите секое утро треба да ги потсетат децата барем двапати дека треба да се облечат, да си ги измијат забите и да си ги обујат чевлите.

До крајот на училишната година, просечниот родител речиси 540 пати му рекол на своето дете да побрза кога се подготвува наутро.

Но, Рејчел Меси Стафорд, автор на книги за деца, вели дека секоја мајка треба да го исфрли зборот „побрзај“ од својот речник.

– Секогаш му велиме на детето да побрза. Но можеби треба да си кажеме себеси и на општеството малку да забавиме – вели таа. И токму тоа и го направила. Од речникот го избришала зборот „побрзај“, работела на своето трпение и ја оставила својата ќерка да биде побавна кога морала да биде побавна.

– За да си помогнам себеси, почнав да ѝ давам малку повеќе време да се подготви кога требаше да одиме некаде. Понекогаш доцниме. Тоа се времиња кога се убедувам дека ќе доцнам уште само неколку години, додека е мала.

Тешко е ова да го примени секој, особено затоа што децата почнуваат на училиште во одредено време и затоа што работното време на повеќето родители не е флексибилно.

Затоа, за оние што создаваат распореди според кои ние треба да живееме, за работодавците и училиштата и пошироката култура, прашуваме: Дали може малку да запреме?



912

X