Родителите навистина им се најдобрите пријатели на нивните деца, но во смисла дека тие секогаш го сакаат само најдоброто за нив. Сепак, некои од нив се однесуваат како да се навистина пријатели со своите деца, а тоа понекогаш е особено изразено во односот меѓу мајките и ќерките. Но, психологот Кристина Грибова наведува четири причини зошто тоа не е во ред и со себе носи последици.

Неправилно изграден семеен систем

За да бидете авторитетна фигура за вашата ќерка, мора да ја почитувате семејната хиерархија. Мајката е постара, што значи дека е пообразована, го коментира однесувањето на детето, има секојдневни обврски кои ги исполнува… Ќерката од сето ова развива почит кон мајка си и ја доживува како авторитет.

Психологот посочува дека пријателскиот однос значи дека нема хиерархија, туку се однесувате како да сте еднакви со детето. Психологот Грибова објаснува дека поради ова, се комплицира ситуацијата која нормално би ја решиле со еден збор, па ќе мора да се убедувате и да преговарате со детето.

-Треба да изградите однос со детето и да можете да комуницирате од доминантна позиција, не како еднакви. Во исто време, детето мора да ве почитува и да знае дека постариот сепак го има последниот збор – објаснува таа.

Недостиг на мајчинска грижа

Мајката е таа што се грижи за своето дете во секоја можна смисла, а ако мајката и ќерката се пријателки, еднакви, тоа значи дека девојчето не може целосно да ја почувствува таа мајчинска грижа. Жените кои се однесуваат како нивните ќерки да им се пријателки, обично бараат од ќерката да се однесува како возрасна личност, да разговараат со неа за некои проблеми од приватниот живот и да ја натераат вештачки да порасне.

Ваквиот однос со ќерката во никој случај не е добар, затоа што е важно детето да го оставиме да ужива во своето детство, а не да го оптоваруваме со проблемите и искуствата на возрасните.

Ривалство

Во правилно изградените семејни односи, во кои има хиерархија, нема ривалство и натпревар, кои секако се појавуваат во односите меѓу двајца еднакви. Во таа смисла, дел од процесот на приспособувањето е кога девојката се споредува со другарките, но тоа е неприродно во односот мајка-ќерка.

Многу мајки кои на своите ќерки им се однесуваат како пријателки се обидуваат да остават таков впечаток, па даваат сè од себе да изгледаат помлади, разменуваат облека, користат некои зборови кои се специфични за младите.

Психологот предупредува дека ваквите обиди на мајката да ги „скрие“ годините понекогаш се предмет на смеење кај ќерката тинејџерка и нејзините пријатели и дека ќерката порано или подоцна ќе се срами од таквото однесување. Исто така, таа истакнува дека овие мајки често го „забрзуваат“ растот на своето дете за да им одговара пријателството.

Желба за блискост

Децата, особено кога ќе ги достигнат своите подоцнежни тинејџерски години, копнеат по слобода и независност – многу од нив би сакале да живеат сами во овој период. Сепак, мајките-пријателки имаат желба секогаш да бидат со својата ќерка, да ја задржат на некој начин, што ја отежнува разделбата на девојчето од нејзината мајка.

Психологот Грибова истакнува дека младите на таа возраст често го кријат својот приватен живот, не кажуваат детали за тоа како го поминуваат слободното време и не споделуваат многу работи што им се важни – ова е природен процес на одвојување на личноста од семејството, што придонесува за личен развој.

-Секако, треба да ја сакате, да ја заштитите, да ја контролирате вашата ќерка, но умерено. Пред сè, треба да ја научите на вистинските вредности во животот, самостојно да донесува одлуки и да не ја спречувате да стекнува лични искуства – вели психологот.

Извор



912

X