Мојата мајка и понатаму ми мавта и ме поздравува. Стои во дворот пред куќата и ми мавта. Понекогаш и ми испраќа бакнеж.
И понатаму ми прави јадење кога ќе одам да ја посетам. Сите мои омилени оброци ги прави токму таа. Едноставно има нешто во нејзиниот начин на готвење.
И понатаму ми купува работи што ќе ги здогледа во продавницата за кои мисли дека можеби ќе ми се допаднат. Обично е во право.
И понатаму ми дозволува да ѝ се јавам кога ми е досадно и кога ми треба некој за разговор.
И понатаму ме прегрнува така што се рушат сите ѕидови што ги имам и плачам ако не сум во ред.
И понатаму се грижи за мене како што се грижеше кога бев мала. Не умее против себе.
Понекогаш кога се чувствувам тажно за тоа колку брзо растат моите деца, мислам на мајка ми и колку ја сакам и колку ми значи.
И се сеќавам дека срцето на една мајка не се менува само затоа што децата сега ѝ се возрасни луѓе. Никој никогаш не може да го земе тоа место во срцето што го има мајката, без оглед дали се возрасни или не.
Иако сум порасната, мојата мајка и понатаму ги прави сите оние мајчински работи што отсекогаш ги правеше, сега и за мене и за моите деца.
И понатаму стои пред куќата, без оглед дали надвор грее сонце или паѓа дожд, и ни мавта додека заминуваме.
Автор: Кели Бачара
912