Да се има солиден партнер во текот на постпородилната фаза може да биде од клучно значење.

Да имате партнер покрај вас за поддршка при стресната посета на педијатар, додека доите среде ноќ или дури и само за време на еден нормален, досаден ден од животот на новороденчето, ќе направи толку многу за целокупното искуство на мајката по породувањето. И покрај оваа вистина, има толку многу партнери и сопрузи кои ја гледаат својата сопруга како се буди со бебето во текот на ноќта и си мислат: „Па, не можам многу да направам овде! Одам да спијам!“

Не толку брзо, пријателе!

Инфлуенсерката Мелиса Месер има брилијантна листа за мажите исполнета со различни задачи и одговорности што можат да ги преземат додека мајката се справува со животот на новороденчето, истакнувајќи дека нејзината листа е „мал минимум“ кога станува збор за партнер кој треба да е тука за давање поддршка.

Прво, таа верува дека две различни шишиња со вода треба да се полнат за мајката во секое време – нејзиното шише со вода и нејзиното шише за нега.

„Во ред, прво и веројатно најважно е шишињата со вода секогаш да се полни со ледена вода. Дури и не дозволувајте да дојдете до момент за жената да го побара тоа од вас. Само подгответе го. Друга работа што треба да се направи без мајката да размислува за тоа е нејзиното шише што го користи за заздравување“, започнала Месер.

Таа, исто така, мисли дека мажите треба да ги имаат снабдено сите лековити производи и да се подготвени да одат да купат производи наместо мајката во секое време, а тука се вклучени и влошките и долната облека.

Месер продолжува кон начините на кои мажите можат да им дадат емоционална поддршка на своите партнерки по породувањето.

-Знам, мажите ноќе си мислат: „Што можам да направам? Не можам да го нахранам бебето“. Разбудете се среде ноќ за морална поддршка, во ред? Кажувајте ѝ на сопругата дека е добра мајка најмалку три пати на ден. Може да се чувствува осамена ако е постојано будна сама среде ноќ со бебето… само бидете тука за неа“, вели Месер пред да наведе уште неколку лесни начини за мажите да ги поддржуваат своите сопруги по породувањето.

„Перење алишта и домашни работи… особено ако сте го добиле своето прво дете, треба да ги завршувате овие обврски во голема мера… Исто така, менувајте пелени, земајте го бебето за да може сопругата да се истушира и да дремне кога сака и слични работи. Тоа е задолжително“, истакнала таа.

Кога станува збор за семејства кои веќе имаат деца, обврските по породувањето на партнерот може малку да се променат, при што повеќе ќе се фокусира на децата.

„Треба да правите сè со другите деца. Задолжително е да ја прашувате мајката дали нешто ѝ треба, иако цело време сте со другите деца“, објаснила Месер.

„Кога имате повеќе деца, а имате и новороденче и други обврски, очигледно е дека куќата може да биде неуредна, но немојте да ја доведете до целосен хаос. Бидете внимателни, одете до продавница, нарачајте ѝ посебно задоволство“.

@melissmesser Clearly i feel strongly about the water bottle LMAO #greenscreen #momsoftiktok #POSTPARTUM #postpartumrecovery #postpartumjourney #pregnancytiktok #pregnancy #postpartumlife #postpartumsupport #postpartumbody #postpartum ♬ original sound – Melissa

Во делот за коментари, неколку мајки понудиле и некои други идеи за тоа како партнерите можат да им помогнат на своите сопруги во постпородилниот период.

„Се согласувам со оваа листа. Исто така, чувствувам дека ова е минималниот праг и би додала уште и готвење или купување оброци на списокот“, напишала една жена.

Друга напишала: „Купете евтин термос. Чувајте го во бањата за мајката да не чека топла вода“.

Автор: Кејти Герити

Извор



912

X