Менување пелени, менаџирање со распореди, обид да се одржи некаква привидна лична хигиена… мајчинството не е шега.
Грижата за деца е навистина работа со полно работно време; всушност две и пол работи со полно работно време, се вели во истражувањето кое покажало дека времето што мајките го поминуваат во родителски задачи е еднакво на 98-часовна работна недела.
Истражувањето од САД спроведено на 2.000 мајки на деца на возраст од 5 до 12 години открива дека просечната мајка почнува со работа во 6:23 часот и продолжува со мајчинските должности до 8:30 часот во нормален ден.
Овој период е еднаков на 14-часовна смена, седум дена во неделата, што е многу повеќе од која било нормална работа.
Истражувањето открило и дека просечната мајка успева да зачува само еден час и седум минути за себе секој ден. Исто така, 40 отсто од мајките сметаат дека со нивниот живот доминира неконтролирана листа со задачи.
– Резултатите од анкетата нагласуваат колку бара улогата на мајката, како и задачите што таа нонстоп ги извршува – вели Кејси Луис, нутриционист во компанијата „Велч“, која го нарачала истражувањето.
– Зафатените мајки не само што имаат ригорозна работа, туку и постојано барање да се нахрани семејството, секоја недела, без престан – додава таа.
Постојаното пиење кафе и попладневните дремки, влажните марамчиња и играчките за мајките се работи што им помагаат низ напорните недели.
Ова не е првото истражување со кое се открива обемот на работните обврски на мајката. Истражување од 2013 година спроведено од компанијата „Џул-Ај“ покажа дека просечната листа на мајките се состои од 26 задачи и вклучува организирање на оброци, приготвување појадок и запомнување на клучните датуми за состаноци.
Велат дека мајчинството е најдобрата работа во светот… очигледно и најтешката.
912