Децата ни се раѓаат чисти како солза.
Не излегуваат од мајчината утроба со ајфони и таблети и со бесплатен интернет.
Боси се.
Голи.
На нив нема етикети од престижните брендови.
Заземаат положба која најдобро се вклопува во мајчините раце, меѓу градите полни со млеко. Како калап.
Нивните уши не чуле друга мелодија освен мајчиното срце.
Тие чекаат од матното, кристално јасно да ја видат мама.

Децата ни се раѓаат чисти како солза.
За една година освен лицата на своите мама и тато ќе видат и многу цртани лица на екраните што зрачат.
Ќе бидат поставени како фикус пред 82 инчи, повремено залевани со „дали си ти мојата љубов?“
Звукот на дегенеричните цртани јунаци ќе се разлева по собата, пред да се насели во детските уши.
Притиснати од модните трендови и од повиците „немој таму, ќе се извалкаш“, едвај ќе се движат.
Во количката ќе поминат три години, иако прооделе на две, а можеле, да кажеме, да проодат и на 12 месеци.
Ќе врескаат налутени, бесни, хистерични, всушност, збунети од силните сензации на кои се изложени уште во првите години.
Тоа е количина на сензации кои ни јас, на 39 години, не можам да ги протуркам и обработам.
Поради кои чувствувам немир, бучава во себе, хаос во главата.


Децата ни се раѓаат чисти како солза.
Сѐ што ќе легне во нивната глава и на нивното срце, зависи од нас.
Сѐ што ќе почувствуваат под прстите, ребрата, во градите, зависи од нас.
Дали ќе мечтаат и колку, зависи од нас.
Дали ќе сакаат приказни, зависи од нас.
Дали ќе ја запознаат природата, зависи од нас.
Дали ќе се смеат, зависи од нас.
Дали ќе гали куче или ќе се плаши, дали ќе трча по топка или ќе бега од неа, дали ќе се качува на дрво или ќе клечи под него, дали ќе разговара со луѓе или ќе им се дере, дали ќе кисне или ќе бега од капките дожд, зависи од нас.
Дали ќе бидат отворени кон светот или затворени во некој свој свет, зависи од нас.
Родителите имаат избор, но ги сакаат изговорите.
Никој не може да ме убеди дека мајчиното млеко може да се замени со разблажено млеко од вимиња на крава.
Не постојат колички или релаксатори кои можат да ги заменат мајчините раце и нишкањето. Кога веќе е така, зошто трошите 1.000 евра на такви работи?
Седењето во количка не е исто што и трчањето. Треба да се трча по детето.
Нема цртан филм што е поинтересен од сликовницата што им ја чита родителот.
Нема игротека што може да ја замени шумата.
Не постои маичка во која детето ќе биде поубаво отколку што е.
Не постои целодневна бучава, туку досада во тишина.
Нема кафе во ресторан кое на родителите им е понеопходно од свеж воздух за детето.
Не постои реченица „Секој ќе се расипе на училиште“ бидејќи училиштето си ти, ти и јас, ние, родителите.
Ние сме нивното најважно училиште, сè друго е „неоправдано отсутен“ (родител).
Седи, единица.

Автор: Јована Кешански



912

X