Летниот распуст претставува долг прекин на наставата. Тогаш, како учениците да ја почнат новата учебна година, односно да се вратат во ритам? Новата учебна година, особено по прекин кој трае повеќе од два месеца, може во извесна мера да предизвика стрес. Навиките за време на распуст, сосема разбирливо, се менуваат. Едноставно доволно е, на пример, само една седмица да седите пред телевизор до доцна, затоа што немате потреба рано да станете, и на тој начин да ви се смени секојдневниот ритам. Тоа значи дека постои потреба од повторно брзо навикнување на раното будење. Впрочем, нашиот ритам сон-будење е создаден од интеракцијата на внатрешниот часовник во корелација со надворешните тајмери. Последново ги вклучува и нашите навики: на пример, ако редовно стануваме или јадеме во исто време, нашиот внатрешен часовник го „памети“ ова и затоа ни се слушува наутро да се разбудиме малку пред да заѕвони будилникот. Но, ако повеќе не го користиме таквиот часовник, на пример, затоа што е празник и на децата им е дозволено да останат будни до доцна и да спијат подолго, се губи и овој „автоматски будилник“. Постои потреба внатрешниот часовник да се врати во својот вообичаен ритам. Но, како можат родителите да им помогнат на своите деца во тоа?
Влезете во секојдневниот ритам што ве очекува!
Првото мото е: почнете да се навикнувате рано да станувате и останете доследни! На крајот на краиштата, ритамот на спиење не може да се врати за една ноќ, туку треба да се приспособува во текот на неколку дена. Така децата речиси ништо не забележуваат и во најдобар случај си легнуваат навреме на последниот ден од одморот без да се пожалат. Во овој поглед, исто така, препорачливо е да се избегнува „попладневната дремка“, бидејќи таа само го одложува заспивањето на детето навечер. Веднаш пред спиење, сепак, активностите треба да се прекинат за да можат децата да се смират. Класично: Премногу време поминување во гледање во екранот и премалку активности на отворено, исто така, може да го нарушат дневниот ритам.
Активности на отворено: Свежиот воздух има повеќе предности за детскиот сон. Од една страна, најмалите се ангажирани навечер и легнуваат „исцрпени“ од физичка активност – ова ги поттикнува децата побрзо да заспијат. Престојот на отворено е исто така важен за синхронизирање на ритамот сон-будење. Само ако децата се изложени на доволно дневна светлина во текот на денот, телото ќе се приспособи до тој степен што навечер кога ќе се стемни, се ослободува доволно количество на хормонот за спиење мелатонин. Мелатонинот ја намалува телесната температура, го намалува крвниот притисок и во основа го забавува метаболизмот. На тој начин мелатонинот му испраќа на телото сигнал за потреба од одмор.
Избегнувајте изложеност на екрани и доцно јадење Иако често има многу возбудливи филмови на телевизија, во последните денови од распустот особено е важно да се ограничи времето на децата на изложеноист на екран во вечерните часови. Паметните телефони, таблетите и лаптопите испуштаат т.н. сина светлина која може да го блокира неопходното ослободување на мелатонинот. Сепак, поради недостиг на релевантни студии, не е целосно јасно дали сината светлина навистина го нарушува циклусот сон-будење, но ограниченото користење на екранот во вечерните часови дефинитивно не може да направи никаква штета. Сепак, светлината не е единствениот пејсмејкер за внатрешниот часовник.
Постои уште еден фактор како што е внесот на храна, кој исто така игра важна улога. Децата треба да вечераат најмалку два до три часа пред спиење, така што варењето нема да го попречи процесот на заспивање. Избегнувајте слатки навечер затоа што посегањето по слатки доцна навечер предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта и има стимулирачки ефект врз децата. За повеќето родители веројатно е најлесно да ги разбудите вашите деца порано во деновите пред почетокот на училиштето за тие да се уморат побрзо навечер. На овој начин, ритамот на спиење и будење повторно се приспособува на потребата за рано станување од спиење како за на училиште и првиот училиштен ден повеќе не е олеснување за децата и нивните родители.
Нова учебна година! Нема причина за паника!
Почетокот на учебната година, по правило, претставува стрес затоа што најголемиот дел од учениците немаат јасна стратегија, односно претстава што треба да прават во првите месеци за време на наставата. Многумина стартот, за жал, го сфаќаат опуштено, вообичаено небаре е дел од секојдневието. Но, почетокот на учебната година претставува одличен момент полесно и поподготвено да се справите со предизвиците што набрзо ќе следуваат. Ова особено важи за учениците што се најопуштени. Следните совети може да ви помогнат полесно да се соочите со предизвиците што ги носи учебната година, односно да успеете да го победите стравот. Тестовите воопшто не се наивни, зашто бараат, не само знаење, туку концентрација и смиреност.
• Детално информирајте се за материјалот. Многу е полесно кога знаете на што треба да се фокусирате. Неинформираноста создава страв!
• Направете си свој ритам/календар на учење. На тој начин ќе бидете поподготвени да се соочите со стресот што ќе следува во текот на наставната година.
• Додека учите, не треба да јадете. Оброците следуваат на паузите помеѓу учењето и во слободното време.
• Не е срамота да побарате помош од соученик, наставник или родител. Тоа е полезно и ја јакне самодовербата.
• Бидете активни за време на наставата. Пасивноста долгорочно може да ви создаде проблеми. Се разбира, секој од нас има свои омилени предмети.
• Увежбувајте ситуации како да сте на тест кога работите заедно со соученик или со наставник. Едноставно е да се вклопите во таквата ситуација: наставникот прашува, а ти одговараш.
• Разговарајте со родителите во врска со стравот. Ако го чувате во себе, стравот се претвора во големо чудовиште што полека ви ја разјадува психата.
• Секако, постојат очекувања, но не потпирајте се на нив. Убаво е да сте опуштени, но не ако добивате оценки од типот недоволен или доволен. Најважно е да дадете сѐ од себе.
• Одете на тест со ведра мисла. Чувствата имаат големо влијание врз успехот. Погрешно постапувате ако се исплашите. Потпрете се на своето знаење, на самодовербата, а не на стравот. Секогаш ќе постои нешто што нема да го знаете!
• Да учите еден ден пред тест? Тоа не е паметно. Психолозите констатирале дека таканареченото учење во последен момент ги буди хормоните на стресот. Последицата е блокада на долгорочните знаења.
• Никогаш не одете гладни на тест. Секогаш каснете нешто. Јадењето во никој случај не мора да биде обилно. Но, при стрес по правило паѓа шеќерот, па се јавува внатрешен страв.
• Не можете да го победите стравот? Не потклекнувајте поради тоа. Стравот е нормална појава. Тој е последица на стресот што го доживувате. Постои проверен метод за да се смирите пред да влезете во училницата. Вдишете и издишете три пати длабоко. Замолете го испитувачот да ви го објасни прашањето ако не ви е доволно јасно. Кога ќе слушнете нечиј глас, може да влијае смирувачки и да ве ослободи од психичката блокада. Ако не го знаете одговорот на некое прашање, не губете време. Веднаш поминете на следното небаре решавате крстозбор.
Автор: Стефан Симовски, професор по германски јазик и книжевност
912