Д-р Бранимир Несторовиќ од Србија во една од неговите емисии зборува за покачената телесна температура кај децата, за тоа како е најдобро да се мери, кога е време за лек и други работи важни за родителите.

– Телесната температура е наш одбранбен механизам и тоа е индивидуална карактеристика. Секој има своја идеална телесна температура. Кога една мајка ќе дојде и ќе ми рече: „Моето дете има температура“, ја прашувам колку е висока температурата. Ако таа ми рече 37,4, јас ѝ велам дека тоа не е температура и таа веднаш се навредува. Учебниците велат дека нормалната температура на човекот е од 35,5 до 37,8. Имајте предвид дека варира за два степена. Постојат луѓе што секогаш имаат ниска температура.

Генерално, ако човекот е покрупен, ќе има пониска температура, а ако е поситен, ќе има повисока температура.

Најсигурно е ректалното мерење на температурата, но јас тоа никогаш не би го направил. Може да се повреди детето. Мерењето под пазувите е доста несигурно. Мора точно да ја најдете и погодите артеријата под пазувите и да го ставите топломерот и да го држите 10 минути. А она што е најнезгодно е кога на детето ќе му дадете сируп и температурата ќе падне, а него под пазувите топлината може да му се задржи уште 8 до 10 часа. Мерењето на челото е исто така несигурно.

Тогаш, како да мерите температура?

Па, ставете ја раката на челото и видете дали е топло. Што ве интересира што ќе каже топломерот? Треба да ве интересира како се однесува детето. Ако температурата е покачена и детето си игра, зошто да му давате сируп?

Она што треба да го направите кога детето е премалено и има висока температура е да му го измерите пулсот. Ако пулсот е непропорционално висок во однос на температурата (се зголемува 10 отчукувања во минута за секој степен од температурата и тоа е нормално), тоа е знак дека нешто се случува, дека детето има некоја инфекција што треба да се лекува.

Најинтересно е смешното верување дека температурата ќе расте ако не ја спуштите. Ако температурата треба да оди до 39,6, тогаш таа ќе оди дотаму и нема да премине. Секако, родителите прво му даваат лек за температурата. Но, тие антипиретици се лекови што се користат за лекување ревма и тие го паѓаат и имунолошкиот систем. Затоа со нив треба да се биде внимателен.

Значи, ако детето изгледа лошо, ако е премалено, има болки, тогаш да, дајте му лек. Но, не ако ви се чини дека температурата скокнала малку повеќе.

Спуштање на температурата со препотување

На многумина како деца на овој начин им ја спуштале температурата. Сепак, овој метод е добар за возрасните, но за децата не бидејќи може да добијат грчеви. Препотувањето е одлично бидејќи целосно ја подигнувате температурата, а потоа таа почнува да паѓа.

Нашиот организам функционира совршено, тој знае што треба да направи, само треба да го насочите. Затоа препотувањето не е за деца под 6 години.

Не треба да се плашите од температурата, таа е доста корисна, не треба да ја спуштате тукутака. Треба да го побарате причинителот.

Ракија, оцет…

Ова се лоши методи за спуштање на температурата. Кога имаме температура, се потиме, лачиме вода, таа испарува и ја носи топлината. Е сега, вие на кожата мачкате алкохол што брзо испарува и ја лади кожата. Кога ќе се излади кожата, таа ќе предизвика зголемено создавање на топлина бидејќи организмот тоа го прифаќа како разладување. Соодветно на тоа, крвните садови се стеснуваат подари студот, се создава топлина и температурата во внатрешноста расте, а не може да излезе на кожата и тогаш децата добиваат грч. Ако воопшто ја спуштите температурата, тоа ќе биде накратко.

Колку дена детето смее да биде дома со температура?

Детето смее да биде дома три дена. Ако тоа пет дена има сериозно висока температура во однос на редовната, тогаш тука има нешто.

Она што најмногу му пречи на детето се моментите кога температурата скока. Тогаш се случува нешто во организмот. Ако детето цел ден има 39, тогаш тоа не е многу болно.



912

X