Образование

Лаборатории, планетариум и кабинет за уметности за талентираните ученици од Центар, Карпош и Кисела Вода

Центар за работа на талентирани ученици на површина од 120 квадратни метри ќе биде отворен во скопското основно училиште „Димитар Миладинов“. Во него ќе може да работат и да се надградуваат млади таленти од населбите Центар, Кисела Вода и Карпош. Планот беше усвоен вчера на седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион.

Во школото ќе бидат пренаменети три засебни простории: лабораторија за физика и планетариум, лабораторија за хемија и биологија и еден кабинет за уметности. Проектот чини 6 милиони денари, обезбедени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, со кои ќе се опреми Центарот. Општина Центар е носител на Центарот за работа на талентирани ученици, а општините Карпош и Кисела Вода се партнери во проектот.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top