Идејата не звучи најдобро, но се покажала ефикасна во САД и во Јужна Кореја во изминатите децении: за неколку месеци, во Брисел, кутијата за бебиња им овозможува на мајките да го остават своето новороденче и потоа детето да биде преземено од социјални служби во целосна анонимност.

„Да им се дозволи на мајките со проблеми безбедно да ги остават своите новороденчиња во простори наменети за таа цел, како и да се превенира жените да не се најдат во ситуација на голема општествена или психолошка несигурност поради напуштањето на своите деца на опасни јавни места“ – ова е амбицијата на асоцијацијата „Корвија“, која во септември 2020 година обезбеди дозвола за пренесување на бебешките кутии во Евре, Белгија. Идејата за вакво нешто била презентирана 3 години претходно, моделирана според јужнокорејски пример. Но, во тоа време градоначалникот вовел забрана на денот на самата инсталација, верувајќи дека таа иницијатива всушност ќе ги охрабри младите родители да ги напуштат своите деца.

Детето веднаш добива помош од лекар

По 3-годишна долга процедура пред Државниот совет, претставниците на „Корвија“ го добиле случајот. Родителите што се соочуваат со проблем и не можат да се грижат за своето дете се упатуваат на определеното место во Евере (една од општините во Брисел) и повикуваат код кој е внесен на самата кутија: тоа им дозволува да ја отворат кутијата во која има колевка. На тој начин веднаш се известува задолжено лице, кое известува одреден лекар. Детето се носи прво во болница на преглед, а потоа во згрижувачко семејство. Анонимноста на родителите е целосно почитувана, а тие имаат на располагање 2 месеца во случај да се премислат.

Стотици животи спасени во светот

Оваа кутија за новороденчиња не е нова: слично нешто било инсталирано во Антверпен пред 20 години. Според статистиките на „Брисел тајмс“, во просек едно бебе годишно било оставено таму. Овој систем, кој се раширил во Европа во раните 90-ти години, исто така, се применувал и во Германија, Швајцарија, Австрија и во Јапонија. Изворот на овој проект е модел од Јужна Кореја: како во многу земји, многу бебиња биле напуштани на улица и умирале од негрижа. Благодарение на овој проект, стотици животи биле спасени во изминатите децении.

Извор



912

X