Воспитување

Криминолог д-р Ивана Стевановиќ: Децата ни станаа роботи бидејќи добиваат телефони на една или две години

Д-р Ивана Стевановиќ, директорка на Институтот за криминолошки и социолошки истражувања во Белград, на гостување во телевизија „К1“ истакна дека мора да влеземе во вистински процес на жалост и, пред сè, во процес на поддршка на семејствата на загинатите во „Рибникар “ и во Младеновац.

„Се чини дека родителите на жртвите се многу поразумни од нас. Сè уште се занимаваме со нас, возрасните, уште не сме стигнале до децата. Се справуваме со нашата болка затоа што ние возрасните не бевме подготвени за она што се случи. Треба да развиеме поддршка за сите тие деца, но и за сите деца во нашите училишта. Треба да престанеме да бркаме оценки. Ве молам, извинете, но ние се занимаваме само со тоа колку одлични ученици ќе имаме во училиштата.

Нашите деца станаа роботи затоа што имаат технолошки вештини, затоа што добиваат телефон на една или две години. Кај децата воопшто не се развива емпатија и секако за тоа се одговорни родителите. За тоа сме најодговорни ние возрасните, и родителите и луѓето од училиштето. Тоа дете поминуваше повеќе време на училиште отколку дома, па како не успеавме да видиме ништо? Се откажавме од образованието, а родителите и училиштето си ја префрлаат одговорноста едни на други. Многу ми е незамисливо момче во седмо одделение од основно училиште да го менува класот без поддршка од педагог, психолог… Без да прашаме зошто се случува тоа. Емпатијата е нешто што се учи во првата година од животот, а ние како општество сме заборавиле на тоа. Се надевам дека овие трагедии ќе нѐ научат дека животот е најголема вредност. Се чини дека сѐ уште не сме подготвени за емпатија, само го бараме виновникот и мислиме дека казната ќе го реши проблемот. Жал ми е што постојано и единствено посегнуваме по кривичното право – истакнала директорката на Институтот за криминолошки и социолошки истражувања.

Д-р Стевановиќ објаснила и дека момчето кое уби соученици и чувар во училиште, во еден момент од животот се нашло во улога на жртва на насилство од врсници.

-Тогаш била повикана полиција, која во овие случаи, според пропишаната процедура, секогаш го известува центарот за социјална работа. Сигурно тогаш некој од центарот за социјална работа се сретнал со семејството на момчето. Обвинителството си ја врши работата и сега утврдува што се случило тогаш. Тие ја насочуваат истрагата и мора да се утврди дали постапките на родителот може да се сметаат за занемарување. Ова може да потрае со недели или месеци. Станува збор за предистражна постапка. Не мора секогаш да се повикуваме на Кривичниот законик, имаме и систем на семејна правна заштита кој е регулиран со Законот за семејство. Имаме прашање за остварување на родителското право, за да утврдиме дали имало грешки или несоодветен начин на извршување на обврските на родителите. Најдрастично е одземањето на родителското право, а во поблага форма може да се ограничи. За понатамошниот живот и лекување на момчето, лекарите ќе одлучуваат согласно Законот за заштита на лицата со ментална попреченост. Лекарите треба да проценат дали е опасен за себе и за другите луѓе. Кога тимот од експерти ќе го реши тоа, дури тогаш ќе може да продолжиме да зборуваме што ќе се случува со него во иднина. Некои лица остануваат во институции до крајот на својот живот – рекла таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top