Воспитување

„Ќотекот не излегол од рајот, туку бил избркан од рајот“

Многу родители при воспитувањето на своите деца се потпреле на советите на познатиот детски психијатар д-р Светомир Бојанин, кој почина на 92-годишна возраст.

Д-р Бојанин секогаш ја истакнуваше љубовта како најдобар метод на воспитување, а речиси и да нема човек кој не ја слушнал неговата позната изјава: „Ќотекот не излегол од рајот, туку бил избркан од рајот“, како и неговите ставови за тоа зошто децата имаат изливи на бес.

„Удар по рака што боли или удар со прачка, тоа се многу штетни работи бидејќи детето нема да нѐ сака повеќе ако го тепаме, ниту ќе го сака животот. Со болката што ја предизвикува таа прачка, ние никого не воспитуваме, но кога детето ќе почувствува дека длабоко нѐ повредило, дека ние, на пример, сме му удриле шлаканица, што не треба, детето тоа го чувствува како наш гнев, како некоја наша несреќа што ни го направило тоа, таа една шлаканица е доволна за цел живот, на која било возраст и да ја добие детето. Но, не смееме да одиме до таа точка да воспитуваме дете со казни, тоа мора да чувствува дека ме повредило“, изјавил д-р Бојанин во емисијата „Агапе“ при неговото гостување во 2005 година.

„Не смееме да лажеме, животот е една голема вистина и болеста е вистина и лажната егзистенција е вистина и тоа може да се лекува само со вистината. Без техники на однесување, туку со вистина, дека го сакам и дека сега не го сакам кога е таков, тој односот на автентично живеење, само така треба со децата. Секако дека паѓаме, дека сме немоќни да го одржиме тоа докрај, но не треба да страдаме кога правиме грешки, сите грешиме“, им порачал тогаш на родителите.

На прашањето кога треба да се воспитуваат децата, од која возраст, познатиот детски психијатар одговорил:

-Треба да живеете со децата. Со децата треба да се гушкаме, па да јадеме, па да ги капеме, кога ќе направат нешто добро, да ги пофалиме, кога ќе згрешат, треба да им кажете „не“. Оние родители што можат да му кажат на своето дете: „Што правиш?“, а тоа ќе се засрами од својата постапка, имале некаков искуствен однос со тоа дете.

Детскиот психијатар рекол и дека децата не се воспитуваат со зборови.

„Воспитувањето започнува со тоа што се сакаме, се угледуваме еден на друг, впиваме, децата го апсорбираат однесувањето од нас, тие не се воспитуваат со зборови. Никој не станал добар затоа што таткото држел лекции дека треба да се биде добар, но ако таткото се однесувал така, па синот преку идентификација исто така бил добар, тогаш тоа е вистинската работа. И, секако, мора да знаеме дека детето има своја волја и свои желби и своја естетика и за таа негова естетика дека, на пример, сака да слуша гласна музика, а ние сакаме да спиеме попладне, мора да најдеме договор и компромис. Детето е личност од нулта денот“, заклучил д-р Бојанин.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top