Ако премногу јадете кисели краставички во текот на бременоста, може да добиете киселини. Ако добиете желба за колбаси, не треба да претерувате главно поради солта. Но, ако постојано копнеете по слатки, тоа може да биде голем проблем. Колку шеќер во бременоста е премногу, се прашувате? Ќе се обидеме да одговориме на тоа прашање.

Како прво, без разлика дали сте бремени или не, шеќерот никогаш не е добра опција и мора да внимавате на внесот на шеќер доколку сакате да избегнете какви било компликации. Сепак, бременоста е состојба во која вашето однесување во однос на храната не влијае само врз вас, туку и врз бебето. Значи, важно е да се знае колку шеќер во бременоста е премногу, но и кои се последиците од прекумерното консумирање шеќер.

Дали можете да јадете шеќер за време на бременоста?

Во ред е да се консумира слатка храна сѐ додека е во умерени количини. Меѓутоа, ако имате гестациски дијабетес, треба да бидете особено внимателни со внесот на шеќер. Важно е да се има предвид дека најмногу шеќер има во оние намирници што немаат нутритивна вредност – бонбоните, бисквитите, колачите, газираните пијалаци. Доколку се работи за слатка храна која ја консумирате најчесто, а во големи количини, мора веднаш да размислите да ја замените. Инаку, не постои табела која би покажала колку шеќер може да внесувате во текот на бременоста. Идеалната количина на шеќер што можете да ја внесете во вашето тело зависи од брзината на вашиот метаболизам, нивото на шеќер во крвта и вашата тежина. Но, во секој случај, добро е да се ограничи внесот на шеќер на 25 грама или помалку дневно.

На многу начини бременоста е различна состојба, вклучувајќи ја и толеранцијата на шеќер. Поради неколку хормони за бременост, клетките во телото се помалку чувствителни на дејството на инсулинот, поради што нивото на шеќер во крвта понекогаш е повисоко.

Дали шеќерот му штети на бебето?

Прекумерното внесување шеќер или јаглехидрати може да има негативен ефект врз бебето. И тоа е благо кажано. Исто така, премногу шеќер во крвта поради гестациски дијабетес или дијабетес тип 2 може да му наштети на бебето. Ако има прекумерна количина шеќер во вашето тело, тој може да стигне до фетусот преку плацентата, што може да предизвика детето да има висок шеќер и да предизвика пребрзо растење на бебето. Од друга страна, раѓањето преголемо бебе може да доведе до компликации, а може да се поврзе и со предвремено породување.

Прекумерното количество шеќер може да ви го отежне забременувањето:

Ги влошува симптомите на бременоста: симптомите како што се повраќање и промени во расположението може да се влошат со прекумерно внесување шеќер.

Предизвикува замор: слатката храна не му ги обезбедува на телото потребните хранливи вредности. Таа содржи сахароза, која му дава на телото нагло зголемување на енергијата, по што може да бидете летаргични и уморни.

Доведува до недостиг на хранливи материи во исхраната: желбата за одредена храна е нормална, но ако премногу копнеете по слатки, внимавајте да не претерувате. Бидејќи ако внесувате премногу празни калории, тоа може да го измами телото и да доведе до премал внес на хранливи материи.

Прекумерна тежина: Премногу шеќер многу лесно доведува до прекумерна тежина.

Замастен црн дроб: Исхраната која се состои од храна богата со фруктоза може да доведе до синдром на замастен црн дроб. Исто така, може да влијае врз метаболизмот на бебето и да доведе до дијабетес тип 2 подоцна во животот.

Може да го зголеми ризикот од прееклампсија: затоа е многу важно да се намали внесот на шеќер.

Болести на непцата, расипување на забите и орални инфекции: сето тоа може да биде предизвикано од премногу шеќер.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X