Неодоливи, малечки парчиња бебешка облека. Слатки се и забавно е да се купуваат додека „скролате“ на вашиот телефон истовремено хранејќи го вашето бебе. Но, секој родител на новороденче знае дека за многу кратко време производите може да се натрупаат и тоа да чини многу. Еден родител на социјалните мрежи гледал како луѓето објавуваат дека трошат стотици долари за бебешка облека, па сакал да знае дали е тоа нормално?

– Од љубопитност: колку долари трошите на купување бебешка облека во првата година од животот на бебето? Или колку би биле спремни да потрошите? Без осудување – напишал корисник на „Редит“. Кога тој го добил првото дете, немал толку пари за трошење, па поставил прашања:

-Колку проценувате дека трошите на облека за вашето дете во првата година од неговиот живот?
-Колку сте спремни да потрошите на целосната опрема за првата година од животот на бебето?

За да си го зачува мирот, во објавата стоело: „Апсолутно без осуда од мене или кој било друг. Секој си има свои приоритети. Некои луѓе сакаат облека, некои технологија, некои храна, некои да патуваат, а некои да купуваат предмети за нивните деца“.

Многумина се обиделе да ја задржат пониската сума како бројка која укажува колку трошат.

„Искрено, првата година, а и малку понатаму, не купував облека за детето. Многу работи добивме како подарок од пријатели и роднини, па почнав да купувам облека кога детето наполни 18 месеци“, одговорил корисник.

„Мојата пријателка доби девојче пред мене, па ни ги даде парчињата облека. Исто така, добив облека и преку група на Фејсбук… па веројатно потрошив 100 канадски долари за облека и 150 досега за вреќи за спиење. Моето малечко има 12 недели“, напишал друг корисник.

„Веројатно 150 долари за посебни комплети и 100 за секојдневна облека која била веќе користена“, коментирал следен.

Но, друг родител, кој не водел сметка за трошењето, сметал дека облеката е голем трошок. „Не знам, но потребно беше да имаме 5-6 комплети облека за во градинка бидејќи детето често се валкаше и немав време за константно перење“, коментирал родителот.

Во 2017 година, „NerdWallet“ објави дека родителите потрошиле од 21.248 до 51.985 долари во првата година од животот на нивните деца. Тука спаѓале потребни работи како облека, пелени, играчки, количка итн.

За да се заштедат пари, експертите препорачуваат:

– Не полудувајте со купувањето облека пред да пристигне бебето. Бебињата брзо растат. Ако купите зимска облека за летно бебе родено во јуни, може да не му одговара во декември.
– Купувајте облека од втора рака. На тој начин многу ќе заштедите. Тоа е добра идеја особено за комплети за свадби или празници, кои бебињата ќе ги носат еднаш.
– Не купувајте чевли. Може да изгледаат слатко, но на бебињата не им се веднаш потребни. Експертите велат дека бебињата учат побрзо да одат ако не носат чевли.

Автор: Бет Ен Мајер

Извор



912

X